Јов 13:1-28

13  Ете, сето тоа го виде моето око,моето уво го чу и му обрна внимание.   Тоа што го знаете вие, и јас добро го знам,не сум полош од вас.+   Но, би сакал да му се обратам на Семоќниот,+би ми било задоволство да разговарам со Бог.   А вие со лаги ги оцрнувате другите,+сите вие сте безвредни лекари.+   Барем да молкневте,и така да покажевте мудрост!+   Слушнете ги, ве молам, доказите што ќе ви ги изнесам,+послушајте ја одбраната на моите усни.   Зар, бранејќи го Бог, ќе зборувате неправда,зар, бранејќи го, ќе кажувате измама?+   Зар ќе бидете пристрасни кон него?+Зар ќе му бидете бранители на вистинскиот Бог?   Би поминале ли добро ако тој ве испита?+Зар ќе го мамите него како што се мами смртен човек? 10  Тој навистина ќе ве укори+ако сакате тајно да бидете пристрасни.+ 11  Зар не ве плаши неговото величиеи зар не ве обзема страв од него?+ 12  Вашите незаборавни зборови се изреки од пепел,вашите штитови се штитови од глина.+ 13  Молчете и оставете ме, оставете ме да зборувам,а потоа нека ме снајде што сака! 14  Зошто е загрозен мојот живот,зошто е во опасност мојата душа?*+ 15  Да сакаше и да ме убие, јас ќе чекав.+Сепак, би ги бранел своите патишта пред неговото лице, 16  и тој би ми бил спасение,+зашто отпадникот не може да дојде пред него.+ 17  Слушајте ги внимателно моите зборови,+нека ви допре до уши она што ќе ви го кажам. 18  Послушајте, ве молам! Ја образложив својата парница+и добро знам дека имам право. 19  Кој ќе се препира со мене?+Ако продолжам да молчам, ќе издивнам! 20  Само овие две работи ги барам,па нема да се кријам од тебе:+ 21  тргни ја раката од менеи нека не ме плаши стравот од тебе!+ 22  Ти повикај ме, а јас ќе ти одговорам,или дозволи ми јас да зборувам, а ти одговарај ми! 23  Какви престапи и гревови сум направил?Покажи ми го мојот бунтовнички престап и мојот грев! 24  Зошто го свртуваш лицето+и гледаш непријател во мене?+ 25  Зар ќе тресеш лист што го носи ветрот?Зар ќе гониш сува сламка? 26  Зашто, пишуваш горчливи зборови против мене+и ми ги даваш во наследство последиците од престапите на мојата младост.+ 27  Нозете ми ги држиш во клада+и внимаваш на сите мои патеки,им означуваш граница на моите стапала. 28  А јас сум* како гнилеж што се распаѓа,+како облека што ја јаде молец.+

Фусноти

Буквално: „Зошто го носам своето тело (месо) во своите заби и ја ставам својата душа на својата дланка?“
Буквално: „тој е“.