Јов 23:1-17

23  Тогаш Јов одговори:   „Бунтовен сум денес од загриженост,+тешка ми е раката од моето воздивнување.   О, кога би знаел каде да го најдам!+Би отишол право до неговото место.+   В лице би му ја образложил својата парницаи со докази би ја наполнил својата уста.   Би сакал да ги знам зборовите со кои би ми одговорил,би размислил за она што би ми го рекол.+   Дали тој, во својата голема моќ, би се препирал со мене?Не, туку би ме сослушал.+   Таму справедливиот човек би ги решил работите со негои мојот судија би ме ослободил засекогаш.   Ете, одам на исток, а него го нема;тргнувам назад, но не го забележувам.+   Одам налево, таму каде што работи, но не го гледам;тој се свртува надесно, но јас не го гледам. 10  Сепак, тој добро знае по кој пат одам.+Кога ќе ме испита, ќе излезам како злато.+ 11  По неговите стапки чекори мојата нога,се држам за неговиот пат и не скршнувам од него.+ 12  Од заповедите на неговите усни не отстапувам.+Ги зачував зборовите од неговата уста,+ и повеќе отколку што ми е одредено. 13  Тој има една замисла, и кој може да му се спротивстави?+Што ќе посака неговата душа, тоа и ќе го направи.+ 14  Ќе изврши сѐ што ми одредил,+а во него има уште многу работи слични на тоа. 15  Затоа, чувствувам немир поради него,размислувам за него и се плашам од него.+ 16  Бог лично го направи плашливо моето срце,+Семоќниот ме вознемири.+ 17  Зашто, не сум замолкнат поради темнината,ниту поради тоа што мрак ми го покри лицето.

Фусноти