Јов 26:1-14
26 Тогаш Јов одговори:
2 „Е, баш му помогна на оној што нема сила!Навистина ја избави обессилената рака!+
3 Убаво го посоветува оној што нема мудрост,+му покажа на мноштвото како изгледа мудроста на дело!*
4 Кому му ги кажа тие зборови?Чии зборови излегуваа од тебе?
5 Немоќните мртовци треператпод водите и под оние што живеат во нив.+
6 Гробот* пред него е откриен,+местото на пропаста не може да се покрие.
7 Тој го оптегнува северот над празнината,+ја држи земјата обесена на ништо.
8 Ги врзува водите во своите облаци+за да не се скинат облаците под нив.
9 Го покрива својот престол,простирајќи го облакот+ преку него.
10 Нацрта круг над површината на водите,+каде што завршува светлината, а почнува темнината.
11 Столбовите на небото се тресати остануваат зачудени кога тој ќе се закани.
12 Со својата сила тој го разбранува морето+и со својата разборитост го разби+ напаѓачот.*+
13 Со својот ветар го светна небото,+неговата рака ја прободе змијата што ползи.+
14 Ете, тоа се само делчиња од неговите дела,+за него слушаме одвај слаб шепот!А кој може да го разбере неговиот моќен гром?“+
Фусноти
^ Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
^ Буквално: „Шеолот“.
^ Изразот најверојатно се однесува на некое морско чудовиште.