Јов 34:1-37
34 Елиу продолжи и рече:
2 „Слушајте ги моите зборови, вие мудри луѓе,чујте ме, вие умни луѓе!
3 Зашто, увото ги испитува зборовите+како што непцето ја вкусува храната.+
4 Сами да се увериме што е исправно,заедно да дознаеме што е добро.
5 Зашто, Јов рече: ‚Јас сум праведен,+но Бог ме лиши од правдата.+
6 Зарем ќе лажам за правдата што ја заслужувам?Мојата болна рана е неизлечлива, иако немам престап‘.+
7 Постои ли човек како што е Јов,+кој го пие исмејувањето како вода?+
8 На пат е да им се придружи на злосторницитеи да оди со злобните.+
9 Зашто, рече: ‚Човек нема полза+од тоа што го сака Бог‘.
10 Затоа послушајте ме, луѓе со разборито срце!+Не е можно вистинскиот Бог да прави зло,+Семоќниот да постапува неправедно!+
11 Зашто, тој му плаќа на земниот човек според неговите дела,+му дава на човекот според неговото поведение.
12 Навистина, Бог не прави зло,+Семоќниот не ја извртува правдата.+
13 Кој му ја доверил нему земјата?Кој му го предал целиот свет?*
14 Ако го насочи кон некого своето вниманиеи ако го прибере кај себе неговиот дух и неговиот здив,+
15 ќе издивне секое тело,и земниот човек ќе се врати во прав.+
16 Затоа, ако си разборит, слушни го ова,приклони го увото кон моите зборови.
17 Навистина, зар ќе владее некој што ја мрази правдата?+Ако е праведен моќникот, зар ќе го прогласиш за зол?+
18 Зарем некој ќе му рече на царот: ‚Никаквецу‘?Или на достоинствениците: ‚Злобници‘?+
19 Бог не е пристрасен кон кнезовитеи не му придава поголема важност на достоинственикот отколку на сиромавиот,+зашто сите тие се дело на неговите раце.+
20 Умираат за миг,+ среде ноќта.+Луѓе се стресуваат и гинат,моќни луѓе заминуваат, без да ги допре човечка рака.+
21 Зашто, неговите очи се насочени кон човековите патишта,+сите негови чекори тој ги гледа.
22 Нема мрак ни густа темнинакаде што би можеле да се скријат злосторниците.+
23 Зашто, Бог не треба да го одредува времетоза човек да дојде пред него на суд.
24 Без истрага тој ги сотрува моќните+и подига други на нивно место.+
25 И така, тој ги знае нивните дела+ги соборува ноќе, и тие се згазени.+
26 Ги удира како злосторницина место каде што другите можат да ги видат,+
27 зашто отстапија од него+и не им е грижа за ниту еден негов пат,+
28 па поради нив викањето на сиромавиот стигнува до него,зашто, тој го слуша викањето на оние што се во неволја.+
29 Кога тој ќе донесе олеснување, кој може да го осуди?Кога ќе го сврти своето лице,+ кој може да го види?Сеедно е дали ќе го скрие од целиот народ+ или од еден човек.
30 Сето тоа Бог го прави за да не владее човек отпадник+и да нема замки+ за народот.
31 Зашто, некој зарем ќе му рече на Бог:‚Трпам, иако не правам зло.+
32 Поучи ме за она што самиот не го гледам!Ако сум направил некаква неправда,нема повторно да ја направам‘.+
33 Зар Бог ќе ти даде отштета за сето тоа, како што си замислил ти, иако ги отфрлаш неговите пресуди?Изборот е твој, а не мој.Кажи го она што го знаеш!
34 Луѓе со разборито срце+и мудар човек што ме слуша ќе ми речат:
35 ‚Јов зборува, но нема знаење,+во неговите зборови нема разборитост‘.
36 Татко мој, нека биде Јов искушан до крајза зборовите што ги даде како одговор меѓу зли луѓе.+
37 Зашто, на својот грев тој уште додава побуна,+меѓу нас тој со подбив плеска со рацете и ги натрупува своите зборови против вистинскиот Бог.“+
Фусноти
^ Буквално: „плодно тло“.