Еремија 26:1-24

26  На почетокот од царувањето на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, оваа реч дојде од Јехова:  „Вака вели Јехова: ‚Застани во дворот на Јеховиниот дом+ и објави им ги сите зборови што ќе ти ги заповедам да им ги кажеш на сите градови на Јуда, кои доаѓаат да се поклонат во Јеховиниот дом!+ Не изоставај ниту еден збор!+  Можеби ќе послушаат, и секој ќе се врати од својот зол пат,+ па ќе зажалам што сакав да им нанесам неволја поради нивните зли дела.+  Речи им: „Вака вели Јехова: ‚Ако не ме послушате и ако не почнете да живеете* по мојот закон+ што го ставив пред вас+  и не ги послушате зборовите на моите слуги, пророците, кои ви ги праќам — станувам рано и ги испраќам — а досега не ги слушавте,+  ќе направам овој дом да биде како оној во Сило+ и ќе направам овој град да биде проклетство за сите народи на земјата‘ “ ‘ “.+  И свештениците и пророците и сиот народ почнаа да го слушаат Еремија како ги кажува тие зборови во Јеховиниот дом.+  А кога Еремија го кажа сето она што му го заповеда Јехова да му го каже на сиот народ, тогаш свештениците и пророците и сиот народ го зграпчија и му рекоа: „Ќе умреш!+  Зошто пророкуваше во името на Јехова: ‚Овој дом ќе биде како оној во Сило+ и овој град ќе биде опустошен и ќе остане без жители‘?“ И сиот народ се собираше околу Еремија во Јеховиниот дом. 10  Кога кнезовите на Јуда ги чуја тие зборови, отидоа од дворецот на царот во Јеховиниот дом+ и седнаа пред новата Јеховина порта.+ 11  А свештениците и пророците почнаа да им зборуваат на кнезовите и на сиот народ: „Овој човек заслужува смрт,+ зашто пророкуваше за овој град така како што слушнавте со свои уши“.+ 12  Тогаш Еремија им рече на сите кнезови и на сиот народ: „Јехова ме испрати да ги пророкувам за овој дом и за овој град сите оние зборови што ги чувте.+ 13  Затоа, поправете ги своите патишта и своите дела+ и послушајте го гласот на Јехова, својот Бог, па Јехова ќе зажали што ви најави неволја.+ 14  А јас, еве, во ваши раце сум.+ Правете со мене онака како што мислите дека е добро и исправно.+ 15  Но знајте дека, ако ме убиете, невина крв ќе фрлите врз себе и врз овој град и врз неговите жители,+ зашто Јехова навистина ме испрати за да ви ги кажам сите тие зборови“.+ 16  Тогаш кнезовите+ и сиот народ им рекоа на свештениците и на пророците: „Овој човек не заслужува смрт,+ зашто ни зборуваше во името на Јехова, нашиот Бог“.+ 17  Тогаш станаа некои што беа старешини во земјата и почнаа да му зборуваат на сиот народ што беше собран* таму:+ 18  „Михеј+ од Моресет+ пророкуваше во деновите на Езекија, царот на Јуда,+ и му рече на сиот народ на Јуда: ‚Вака вели Јехова над војските: „Сион ќе биде преоран како нива+ и од Ерусалим ќе останат само урнатини,+ а гората на Божјиот дом ќе биде обрасната со шума“ ‘.+ 19  Зар Езекија, царот на Јуда, и сиот народ на Јуда го погубија поради тоа? Зар не се плашеше од Јехова и не настојуваше да му го смилостиви* лицето на Јехова,+ па Јехова зажали што им најави неволја?+ Ние, значи, навлекуваме голема неволја врз своите души.+ 20  Имаше уште еден човек кој пророкуваше во името на Јехова, Урија, синот на Семаја, од Киријат-Јарим.+ Тој пророкуваше против овој град и против оваа земја со истите зборови како и Еремија. 21  А кога цар Јоаким+ и сите негови јунаци и сите негови кнезови ги чуја неговите зборови, тогаш царот почна да го бара за да го погуби.+ Кога чу за тоа, Урија се уплаши+ и побегна во Египет. 22  Но цар Јоаким испрати луѓе во Египет, Елнатан, синот на Ахвор,+ и други луѓе со него. 23  И го доведоа Урија од Египет и го одведоа кај цар Јоаким, кој го погуби со меч+ и му го фрли телото на гробиштата на обичниот народ“. 24  Но раката на Ахикам,+ синот на Сафан,+ беше со Еремија, па не беше предаден во рацете на народот за да биде погубен.+

Фусноти

Буквално: „одите“.
„Што беше собран“ — хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „омекне“.