Еремија 49:1-39
49 Вака вели Јехова за синовите на Амон:+ „Зар Израел нема синови, зар нема наследник? Зошто Малхам+ ја освои земјата на Гад+ и неговиот народ се насели во градовите на Израел?“+
2 „ ,Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе огласам знак за војна+ против Рава+ на синовите на Амон, и од неа ќе остане пуст рид,+ а околните градови+ ќе бидат изгорени со оган.‘+
‚А Израел ќе завладее над оние што завладеаја над него‘,+ вели Јехова.
3 ‚Плачи горко,+ Есевоне,+ зашто Гај е опустошен! Офкајте, градови околу Рава! Препашајте си козина!+ Тажете и талкајте меѓу камените трла, зашто Малхам ќе отиде во изгнанство+ со своите свештеници и со своите кнезови!+
4 Зошто се фалиш со своите плодни долини,+ ќерко неверна, која се надева на своето богатство+ и вели: „Кој ќе дојде да ме нападне?“ ‘ “+
5 „ ,Еве, ќе доведам стравотија против тебе‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските, ‚од сите што се околу тебе. И ќе се распрснете, секој на своја страна,+ и ќе нема кој да ги собере бегалците.‘ “
6 „ ,Но, потоа ќе ги соберам заробените синови на Амон‘,+ вели Јехова.“
7 Вака вели Јехова над војските за Едом: „Зар нема повеќе мудрост+ во Теман?+ Зар исчезна советот од разборитите? Зар се распадна нивната мудрост?+
8 Бегајте!+ Отстапете! Слезете длабоко за да се засолните,+ жители на Дедан!+ Зашто ќе ја пуштам врз него неволјата на Исав. Дојде време да ги казнам.+
9 Кога би дошле кај тебе гроздоберачите, зар нема да ти остават нешто за доприбирање? Кога би дошле кај тебе крадци ноќе, зар не би опљачкале само толку колку што сакаат?+
10 Но јас ќе го соголам Исав.+ Ќе ги откријам неговите скривалишта,+ па не ќе може да се скрие.+ Неговите потомци, неговите браќа и неговите соседи ќе бидат опустошени,+ а него повеќе ќе го нема.+
11 Остави ги своите сирачиња!+ Јас ќе ги зачувам живи, и твоите вдовици ќе се надеваат на мене“.+
12 Зашто, вака вели Јехова: „Еве, иако не се навикнати да ја пијат чашата на мојот гнев, ќе мора да ја испијат.+ А зарем ти ќе останеш неказнет? Нема да останеш неказнет, туку ќе пиеш“.+
13 „Зашто, се заколнав самиот во себе“,+ вели Јехова, „дека Восор+ ќе биде грозна глетка,+ срамота, пустош и проклетство, а сите негови градови ќе бидат пусти довека.“+
14 Чув вест од Јехова, испратен е гласник меѓу народите да каже: „Соберете се, тргнете против него, станете во бој!“+
15 „Зашто, гледај, те направив мал меѓу народите, презрен меѓу луѓето.+
16 Те измами стравот што им го влеваше на другите, надуеноста на твоето срце,+ ти што живееш меѓу клисурите и престојуваш на високите ридови. Иако како орел го свиваш своето гнездо на високо,+ ќе те соборам оттаму“,+ вели Јехова.
17 „Едом ќе стане грозна глетка.+ Секој што ќе помине покрај него ќе гледа вчудовидено и ќе потсвирнува зачудено поради сите негови неволји.+
18 Кога ќе биде разурнат, како што беа Содом и Гомор и нивните соседни градови,“+ вели Јехова, „ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.+
19 Гледај, непријателот ќе излезе како лав+ од јорданските честаци и ќе ги нападне оние што се на пасиштата кои секогаш се зеленеат.+ За миг ќе го натерам Едом да избега од својата земја.+ А над неговата земја ќе го поставам својот избраник. Зашто, кој е како мене?+ Кој ќе ме предизвика?+ Кој пастир може да опстане пред мене?+
20 Затоа, чујте што наумил да направи Јехова против Едом+ и што замислил да направи против жителите на Теман:+ најмалите од стадото ќе бидат одвлечкани. Поради нивните дела тој ќе го опустоши нивното живеалиште.+
21 Од нивниот громогласен пад се затресе земјата.+ Се слуша викотница,+ одекнува дури до Црвеното Море!+
22 Гледај, непријателот ќе се подигне како орел и вратоломно ќе се спушти,+ и ќе ги рашири крилјата над Восор,+ а срцето на едомските јунаци во тој ден ќе биде како срцето на жена во породилни маки.“+
23 За Дамаск:+ „Се посрамија Емат+ и Арфад,+ зашто чуја лоша вест. Страв ги совлада.+ Морето е во мака, не може да се смири.+
24 Дамаск ја изгуби храброста. Се сврте и почна да бега, страв го обзеде.+ Тегоба и породилни маки го обзедоа како родилка.+
25 Зарем не е напуштен славниот град, градот на веселбата?+
26 Затоа, неговите момчиња ќе испопаѓаат по неговите плоштади и сите воини ќе загинат* во тој ден“,+ вели Јехова над војските.
27 „Ќе запалам оган на ѕидот на Дамаск и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Вен-Адад“.+
28 Вака рече Јехова за Кидар+ и за асорските+ царства, кои ги порази Навуходоносор, царот на Вавилон:+ „Станете, тргнете против Кидар и опленете ги синовите на Истокот!+
29 Ќе им бидат одземени шаторите+ и стадата,+ шаторските платна+ и сѐ што имаат. Ќе им бидат одведени камилите.+ Ќе им викаат: ‚Страв владее насекаде!‘ “+
30 „Бегајте, бегајте далеку! Слезете длабоко за да се засолните таму, жители на Асор!“+ — вели Јехова. „Зашто, Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ реши да ви направи нешто и смисли нешто против вас.“
31 „Станете, појдете против безгрижниот народ,+ кој живее во сигурност!“+ — вели Јехова.
„Тој нема ни врати ни резиња. Живее во осаменост.+
32 Нивните камили+ ќе бидат земени како плен, нивниот многуброен добиток ќе им биде грабнат. Ќе ги распрснам на сите страни*+ оние што ја потсечуваат косата на слепоочниците,+ и од сите околни краишта ќе доведам неволја врз нив“, вели Јехова.
33 „Асор+ ќе стане дувло на шакали,+ ќе биде пуст довека. Ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.“+
34 Оваа реч за Елам му дојде на пророкот Еремија од Јехова,+ на почетокот од царувањето на Седекија,+ царот на Јуда:
35 „Вака вели Јехова над војските: ‚Еве, ќе го скршам лакот на Елам,+ главната негова сила.
36 Ќе доведам против Елам четири ветра од четири краишта на небото.+ И ќе ги распрснам во сите тие ветрови,+ и ќе нема народ во кој Еламците нема да бидат расеани‘.“+
37 „Ќе ги натерам Еламците да треперат пред своите непријатели, пред оние што ја бараат нивната душа. Ќе донесам врз нив неволја, мојот распламтен гнев“,+ вели Јехова. „Ќе испратам по нив меч за да ги истребам.“+
38 „И ќе го поставам својот престол во Елам+ и ќе ги сотрам таму царот и кнезовите“, вели Јехова.
39 „А во последните денови+ ќе ги соберам заробените Еламци“,+ вели Јехова.
Фусноти
^ Буквално: „ќе бидат замолчени“.
^ Буквално: „во сите ветрови“, односно во секој правец во кој дува ветрот. Хебрејски идиом.