Естира 8:1-17

8  Во тој ден, цар Ахасвер ѝ ја даде на царицата Естира куќата на Аман,+ непријателот на Евреите,+ а Мардохеј дојде пред царот, бидејќи Естира кажа што ѝ е тој.+  Тогаш царот го извади својот печатен прстен,+ кој му го беше одзел на Аман, па му го даде на Мардохеј, а Естира го постави Мардохеј над куќата на Аман.+  Освен тоа, Естира повторно му се обрати на царот. Му се фрли пред нозете и плачејќи го молеше+ милостиво да ги отстрани злото+ на Аман од племето на Агаг и заговорот+ што тој го скова против Евреите.+  Тогаш царот го испружи кон Естира златниот жезол,+ а Естира стана и застана пред царот,  па рече: „Ако му е по волја на царот и ако сум ја стекнала неговата наклоност,+ ако молбата му се чини исправна и ако сум мила во негови очи, писмено нека се поништат писмата,+ заговорот на Аман, синот на Амедата од племето на Агаг,+ кои ги напиша за да ги уништи Евреите+ што живеат по сите покраини на царот.+  Зашто, како би можела да ја гледам несреќата што ќе го снајде мојот народ, и како би можела да го гледам уништувањето на моите роднини?“  А цар Ахасвер им одговори на царицата Естира и на Евреинот Мардохеј: „Ете, куќата на Аман ѝ ја дадов на Естира,+ а него го обесија на столб+ затоа што дигна рака на Евреите.  Сега вие напишете го во името на царот+ она што според вас е добро за Евреите, па запечатете го со царевиот печатен прстен, бидејќи сѐ што е напишано во името на царот и запечатено со царскиот печатен прстен не може да се поништи“.+  Затоа, во тоа време, во третиот месец, односно во месецот сиван,* на дваесет и третиот ден од тој месец, беа повикани царските писари.+ Тие напишаа сѐ што им заповеда Мардохеј на Евреите, на сатрапите,*+ на управителите и на кнезовите во покраините од Индија до Етиопија, кои беа над сто дваесет и седум покраини,+ на секоја покраина со нејзиното писмо+ и на секој народ на неговиот јазик,+ а и на Евреите со нивното писмо и на нивниот јазик.+ 10  И тој ги напиша писмата во името на цар+ Ахасвер, ги запечати+ со царскиот печатен прстен+ и ги испрати по гласници на коњи.+ Тие јаваа брзи коњи од царската поштенска служба. 11  Така беше објавено дека царот им допушта на Евреите по сите градови да се соберат+ и да ги бранат своите души, а да ја истребат, да ја убијат и да ја сотрат секоја војска од народот+ или од покраината, која би ги нападнала, не штедејќи ни деца ни жени, а нивните имоти да ги опљачкаат,+ 12  и сето тоа во истиот ден+ во сите покраини на цар Ахасвер, во тринаесеттиот ден+ од дванаесеттиот месец, односно од месецот адар.+ 13  Препис+ од писмото требаше да се предаде како закон по сите покраини и да им се објави на сите народи за Евреите да бидат подготвени на тој ден да им се одмаздат+ на своите непријатели. 14  И гласниците,+ кои јаваа на коњите од царската поштенска служба, веднаш тргнаа на пат брзајќи+ поради царската заповед. Тој закон беше издаден и во тврдината Суза.+ 15   Мардохеј излезе од кај царот облечен во царска облека+ од сина ткаенина и лен, со голема златна круна и со наметка од фина ткаенина,+ всушност, од црвеникаво-виолетова волна.+ А градот Суза радосно извикуваше и се веселеше.+ 16  Така Евреите добија светлина, радост,+ веселба и чест. 17  И во секоја покраина и во секој град во којшто стигнаа заповедта на царот и неговиот закон, меѓу Евреите завладеа радост и веселба, и на тој ден тие се гоштаваа+ и се радуваа. И мнозина од другите народи*+ се кажуваа како Евреи,+ зашто ги обзеде страв+ од Евреите.

Фусноти

Види ја фуснотата за Езр 8:36.
Сиван е името на 3. месец од еврејскиот верски календар. Види го додатокот 14.
„Другите народи“ — буквално: „народите од земјата“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).