Исаија 14:1-32

14  Зашто, Јехова ќе му се смилува на Јаков+ и пак ќе го избере Израел.+ Ќе им даде да почиваат во својата земја,+ а дојденецот ќе им се придружи и ќе му се приклучи на домот на Јаков.+  Народите ќе ги поведат и ќе ги вратат на нивното место, а домот Израелов ќе ги земе во наследство во Јеховината земја како слуги и слугинки.+ И ќе ги пороби+ оние што нив ги поробија и ќе владее над оние што ги тераа на работа.+  Во тој ден, кога Јехова ќе ти даде да си отпочинеш од својата болка, од својот немир и од тешкото ропство во кое робуваше,+  кажувај ја оваа подбивна песна* за вавилонскиот цар и речи: „Го нема повеќе оној што ги тераше другите да работат, нема повеќе угнетување!+  Јехова го скрши пратот на злите, владетелската палка,+  оној што ги удираше бесно народите со бескрајни удари,+ кој гневно ги подјармуваше народите, прогонувајќи ги безмилосно.+  Целата земја си отпочина,+ се смири. Луѓето се развеселија и воскликнуваат радосно.+  Поради тебе се радуваат стеблата на смреката+ и кедрите ливански, и велат: ‚Откако падна ти, дрвосечачите+ повеќе не нѐ сечат‘.  И гробот*+ долу се вознемири поради тебе, очекувајќи да дојдеш во него. Поради тебе ги разбуди немоќните мртовци,+ сите земни водачи што беа како јарци.+ Ги крена од престолите сите цареви на народите.+ 10  Сите тие проговараат и ти велат: ‚Зарем и ти стана немоќен како нас?+ Зарем се изедначи со нас?+ 11  Во гробот* е урната твојата горделивост, бучавата на твоите псалтири.+ Под тебе се послани црви како постела, црвите ти се покривка‘.+ 12  Како падна од небото,+ ти што светиш, сине на зората! Соборен си на земјата,+ ти што ги газеше народите!+ 13  А си велеше во срцето: ‚Ќе се воздигнам до небесата.+ Ќе го подигнам својот престол+ над Божјите ѕвезди+ и ќе седнам на собирната гора+ на крајниот север.+ 14  Ќе се воздигнам над облачните висини.+ Ќе се изедначам со Севишниот‘.+ 15  Но, ќе бидеш урнат во гробот,*+ во најдлабоките длабочини на гробната јама.+ 16  Оние што ќе те видат, ќе те гледаат и ќе размислуваат за тебе, велејќи: ‚Ова ли е човекот кој ја тресеше земјата и разнишуваше царства,+ 17  кој ја претвораше пустината во плодна почва и ги разоруваше нејзините градови,+ кој никогаш не ги пушташе дома своите заробеници?‘+ 18  Царевите на сите други народи, сите тие, лежат во слава, секој во својот гроб.+ 19  А ти си отфрлен, немаш ни гроб,+ како непожелна фиданка, покриен со убиени луѓе што се прободени со меч и што ги фрлаат врз камења во јама,+ како згазен труп.+ 20  Нема да им се придружиш во гробот, бидејќи ја упропасти својата земја, го погуби својот народ. На потомците на злосторниците никогаш повеќе нема да им се спомне името.+ 21  Подгответе трупец на кој ќе бидат заклани неговите синови поради престапите на нивните татковци,+ за да не се кренат и да ја освојат земјата и да не го прекријат лицето на светот* со своите градови!“+ 22  „Ќе станам против нив“,+ вели Јехова над војските. „Ќе му ги сотрам на Вавилон името+ и остатокот, породот и потомството“,+ вели Јехова. 23  „Ќе им го дадам во посед на бодликавите прасиња и на мочуриштата, ќе го изметам со метлата на уништувањето“,+ вели Јехова над војските. 24  Се заколна+ Јехова над војските: „Навистина, како што замислив, така ќе биде, и како што решив, така ќе се збидне,+ 25  за да го скршам Асирецот во мојата земја+ и да го згазам на моите планини,+ за да падне неговиот јарем од мојот народ и да падне неговото бреме од нивниот грб“.+ 26  Тоа е одлуката што е донесена против целата земја, тоа е раката што е крената против сите народи. 27  Зашто, Јехова над војските донесе одлука+ — кој може да ја осуети?+ Неговата рака е крената — кој може да ја спушти?+ 28  Во годината кога умре цар Ахаз,+ дојде оваа објава: 29  „Никој во тебе, Филистејо,+ нека не се радува+ што му е скршена палката на оној што те удираше!+ Зашто, од змискиот корен+ ќе излезе отровница,+ неговиот плод ќе биде брза лутица.+ 30  Првородените на сиромасите ќе се нахранат, сиромасите ќе почиваат во сигурност.+ Со глад ќе го усмртам твојот корен, а тоа што ќе остане од тебе, ќе биде убиено.+ 31  Плачете горко, о порти! Офкај гласно, граду! Сите во тебе, Филистејо, нека опаднат со духот! Зашто, од север доаѓа чад и никој не заостанува во четите на непријателот“.+ 32  Што ќе им одговорат на гласниците+ на народот? Дека Јехова го поставил темелот на Сион,+ и во него ќе најдат прибежиште страдалниците од неговиот народ.

Фусноти

Или: „пословични (мудри) зборови“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „плодното тло“.