Исаија 42:1-25

42  Еве го мојот слуга,+ кого го поддржувам,+ мојот избраник,+ кој е по волја на мојата душа!+ Во него го ставив својот дух,+ тој ќе им донесе правда на народите.+  Нема ниту да вика ниту да го подига својот глас, неговиот глас нема да се слуша по улиците.+  Згазената трска нема да ја скрши+ и фитилот што тлее нема да го угасне. Во својата вистинољубивост ќе донесе правда.+  Нема да папса и нема да се умори сѐ додека не воспостави правда на земјата.+ Островите* ќе го чекаат неговиот закон.*+  Вака вели вистинскиот Бог, Јехова, Творецот на небесата,+ оној што ги распна,+ оној што ги распростре земјата+ и нејзиниот род,+ оној што му дава здив+ на народот кој е на неа+ и дух на оние што одат по неа:+  „Јас Јехова, те повикав во правда+ и цврсто те фатив за рака.+ Ќе те чувам и ќе те поставам за сојуз на народот,+ за светлина на народите,+  за да им ги отвориш очите на слепите,+ да ги изведеш од темницата затворениците,+ од затворот оние што седат во темнина.+  Јас сум Јехова. Тоа е моето име,+ и никому нема да му ја дадам својата слава,+ ниту на режаните ликови+ својата фалба.+  Еве, тоа што го навестив порано, се случи,+ а сега ви навестувам нешто ново. Пред да се збидне, јас ви го објавувам“.+ 10  Пејте му на Јехова нова песна,+ фалба за него од крајот на земјата,+ вие што живеете од морето+ и од сѐ што е во него, вие острови и вие што живеете на нив!+ 11  Нека воскликнат пустината+ и нејзините градови, населбите во кои живеат Кидарците!+ Нека извикуваат радосно оние што живеат во карпестиот крај!+ Нека извикуваат радосно луѓето од планинските врвови! 12  Нека му оддаваат слава на Јехова,+ на островите нека ја објавуваат неговата фалба!+ 13  Јехова ќе излезе како јунак.+ Како воин ќе го разгори својот жар.+ Ќе повика, ќе викне како во војна,+ ќе биде помоќен од своите непријатели.+ 14  „Долго молчев,+ не зборував,+ се воздржував.+ Сега ќе викам, ќе бревтам и ќе воздивнувам како жена што раѓа.+ 15  Ќе ги опустошам+ планините и ридиштата, ќе ги исушам сите нивни растенија. Ќе ги претворам реките во сува земја, ќе ги исушам мочуриштата.+ 16  Ќе ги водам слепите по пат кој не го знаат,+ ќе им дадам да чекорат по непознат друм.+ Пред нив ќе го претворам мрачното место во светлина,+ а нерамната земја во рамница.+ Сето тоа ќе го направам за нив и нема да ги оставам.“+ 17  Ќе отстапат и мошне ќе се засрамат оние што се надеваат на режаните ликови+ и им велат на леаните ликови: „Вие сте наши богови“.+ 18  Чујте, глуви! Насочете го погледот, слепи!+ 19  Кој е слеп, ако не мојот слуга, и кој е глув како мојот гласник кого го праќам? Кој е слеп како оној што е награден, кој е слеп како Јеховиниот слуга?+ 20  Ти виде многу нешта, но не им обрна внимание.+ Твоите уши беа отворени, но ти не слушаше.+ 21  На Јехова му се допадна, поради својата праведност,+ да го возвеличи и да го возвиси законот.+ 22  Но тоа е опљачкан и ограбен народ,+ сите се фатени в јама, скриени по затвори.+ Станаа плен, а нема кој да ги избави,+ станаа грабеж, а нема кој да рече: „Враќај!“ 23  Кој од вас ќе го ислуша тоа? Кој ќе размислува за тоа и ќе слуша за подоцнежни времиња?+ 24  Кој го предал Јаков на грабеж, и кој им го предал Израел на пљачкашите? Зарем не беше тоа Јехова, оној кому му згрешија, по чии патишта не сакаа да одат и чии закони не ги слушаа?+ 25  Затоа ги излеваше врз Израел својот гнев, својата лутина и стравотиите на војната.+ Огнот на војната го голташе од сите страни,+ но тој не го забележа тоа;+ го проголтуваше, но тој ништо не зеде присрце.+

Фусноти

Или: „Приморските краишта“.
Или: „На неговото име ќе се надеваат народите“, според Септуагинтата (LXX). Види Мт 12:21.