Псалми 26:1-12

Давидов псалм. 26  Суди ми,+ о Јехова, зашто живеам* непорочно!*+Во Јехова имам доверба за да не се поколебам.+   Испитај ме, Јехова, и искушај ме,+прочисти ми ги бубрезите* и срцето.+   Зашто, твојата милост* ми е пред очите,јас одам во твојата вистина.+   Не седам со луѓе што зборуваат невистина+и не одам кај оние што прикриваат какви се.+   Го мразам друштвото на злосторниците+и не седам со злите.+   Ќе си ги измијам рацете за да ја покажам својата невиност+и ќе го обиколувам твојот жртвеник, о Јехова,+   за да се чујат моите гласни благодарности+и за да ги објавам сите твои чудесни дела.+   Јехова, го сакам домот во кој живееш ти+и местото каде што престојува твојата слава.+   Не погубувај ми ја душата со грешниците+ниту животот мој со луѓето што се виновни за крв,+ 10  во чии раце има злодела+и чија десница е полна со поткуп.+ 11  А јас ќе живеам непорочно.+Искупи ме+ и биди милостив кон мене.+ 12  Мојата нога ќе стои на рамно место,+среде насобраното мноштво ќе го благословувам Јехова.+

Фусноти

Буквално: „одам“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „најскриените чувства“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.