Псалми 62:1-12

На управителот, за једутун.* Давидова песна. 62  Мојата душа го чека Бог во тишина.+Од него доаѓа моето спасение.+   Тој ми е карпа и спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+и да се сопнам, нема да паднам.+   До кога ќе му се нафрлате на човекот кого сакате да го убиете?+Сите вие сте како навален ѕид, ѕид каменен што се руши.+   Вистина, тие даваат лоши совети за да го соборат човекот од неговата почесна положба.+Тие уживаат во лагата.+Со устата благословуваат, а во себе проколнуваат.+ (Села)   Тивко чекај го Бог, о душо моја,+зашто од него доаѓа мојата надеж.+   Тој ми е карпа и спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+нема да се затетеравам.+   Бог ми е спасение и слава.+Бог ми е цврста карпа и прибежиште.+   Имај доверба во него, народе, во секое време!+Излевајте го срцето пред него!+Бог е наше прибежиште.+ (Села)   Навистина, синовите земни се само здив,+синовите човечки се лажно прибежиште.+Кога сите заедно ќе ги ставиш на вага, полесни се од здив.+ 10  Не надевајте се на измамата,+не полагајте празна надеж во грабежот!+Ако ви расте имотот, не дозволувајте срцето да ви се приврзе за него.+ 11  Бог рече еднаш, двапати го слушнав ова:+моќта му припаѓа на Бог.+ 12  И милоста* е во тебе, Јехова,+зашто ти му плаќаш секому според неговото дело.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 39, наслов.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.