Псалми 65:1-13

На управителот. Давидова песна. Псалм. 65  За тебе, Боже, е фалбата и тишината на Сион,+исполнет е заветот што ти е даден тебе.+   Ти си тој што ги слуша молитвите, кај тебе доаѓа секој човек.+   Грешните дела се посилни од мене.+Ти ќе ги покриеш нашите престапи.+   Среќен е оној кого ти ќе го одбереш и кому му дозволуваш да ти се приближи,+за да живее во твоите дворови.+Ќе се наситиме со доброто од твојот дом,+од светото место на твојот храм.+   Со застрашувачки дела на праведност ти ќе ни одговориш,+Боже на нашето спасение,+довербо на сите земски краишта и на луѓето што се далеку на море.+   Тој цврсто ги поставува планините со својата сила,+со моќ се опашува.+   Ја смирува бучавата на морињата,+бучавата на нивните бранови и превирањата меѓу народите.+   Жителите на најоддалечените краишта ќе се исплашат од твоите знаци.+Ти ги тераш зорите и вечерите радосно да извикуваат.+   Милостиво ја гледаш земјата и ѝ даваш изобилство,+многу ја збогатуваш.Божјиот поток е полн со вода.+Ти го подготвуваш нивното жито,+бидејќи така ја подготвуваш земјата.+ 10  Се натопуваат нејзините бразди, се израмнуваат нејзините грутки,+со обилни дождови ја омекнуваш, ги благословуваш и нејзините подници.+ 11  Ја крунисуваш годината со својата добрина,+по твоите патеки капе маст.+ 12  Од пасиштата во пустелијата паѓаат капки,+со веселба се опашуваат ридовите.+ 13  Пасиштата се облечени со стада,+рамниците се покриени со жито.+Победнички воскликнуваат и пеат.+

Фусноти