Римјаните 10:1-21

10  Браќа, желбата на моето срце и мојата сесрдна молитва до Бог за нив е да се спасат.+  Зашто, сведочам за нив дека ревносно се трудат+ да му угодат на Бог, но не знаат точно* што е неговата волја.+  Зашто, поради тоа што не ја познаваат Божјата праведност,+ туку настојуваат да ја воспостават својата,+ не се подложија на Божјата праведност.+  Зашто, Христос е завршетокот на Законот,+ за да стекне праведност секој што верува.+  А Мојсеј пишува дека човек кој ги извршува праведните барања на Законот ќе живее поради својата праведност.+  А за праведноста која произлегува од верата, вака е речено: „Немој да велиш во своето срце:+ ‚Кој ќе се качи на небото?‘+ — односно да го доведе Христос+ долу.  Или: ‚Кој ќе слезе во бездната?‘+ — односно да го изведе Христос од мртвите“.+  Туку што вели Писмото? „Речта е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце“.+ Таа „реч“+ е порака на верата што ја проповедаме.+  Зашто, ако со својата уста ја објавуваш таа „реч“+ — дека Исус е Господар*+ — и ако во своето срце веруваш дека Бог го подигна од мртвите,+ ќе бидеш спасен.+ 10  Зашто, со срцето+ се верува, и така се постигнува праведност, а со устата се објавува+ верата, и така се постигнува спасение. 11  Зашто, Писмото вели: „Никој што верува во него+ нема да се разочара“.+ 12  Зашто, нема разлика помеѓу Евреин и Грк,+ бидејќи над сите е истиот Господар, кој изобилно им дава од своето богатство+ на сите што го повикуваат. 13  Зашто, „секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“.+ 14  Но како ќе го повикаат оној во кого не поверувале?+ А како ќе поверуваат во оној за кого не чуле? А како ќе чујат ако никој не проповеда?+ 15  А како ќе проповедаат ако не бидат испратени?+ Како што е напишано: „Колку се убави нозете на оние што објавуваат добра вест за она што е добро!“+ 16  Сепак, сите не ја прифатија добрата вест.+ Зашто, Исаија вели: „Јехова, кој поверува во она што го слушна од нас?“+ 17  Според тоа, верата се стекнува од слушање на пораката,+ а пораката се шири кога се зборува за Христос.+ 18  А јас прашувам: зар не чуја? Напротив, „нивниот глас отиде по целата земја+ и нивните зборови до крајот на светот“.*+ 19  А јас прашувам: зар Израел не сфати?+ Најпрво Мојсеј вели: „Ќе ја предизвикам вашата љубомора преку она што не е народ, ќе го предизвикам вашиот гнев преку безумен народ“.+ 20  А Исаија смело вели: „Ме најдоа оние што не ме бараа,+ им се објавив на оние што не прашуваа за мене“.+ 21  А за Израел вели: „Цел ден ги протегам рацете свои кон народ кој е непослушен+ и кој дрско одговара“.+

Фусноти

„[Не] знаат точно“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види го додатокот 11.
Буквално: „населената земја“.