Рут 1:1-22
1 Во деновите кога судиите+ служеа како управители, во земјата завладеа глад,+ па еден човек од Витлеем,+ во Јуда, отиде со својата жена и со своите два сина да се насели во моавската земја.+
2 Тој човек се викаше Елимелех, жена му се викаше Ноемина, а двата сина — Малон и Хелеон. Тие беа Ефраќани+ од Витлеем Јудејски. На крајот стигнаа во моавската земја и таму се населија.
3 По некое време умре Елимелех, мажот на Ноемина, и таа остана сама со двата сина.
4 Тие подоцна се оженија со Моавки.+ Едната се викаше Орфа, а другата Рут.+ И живееја таму околу десет години.
5 Потоа умреа и тие двајца, Малон и Хелеон, па Ноемина остана и без двата сина и без својот маж.
6 Тогаш таа стана со снаите за да се врати од моавската земја, бидејќи во моавската земја беше чула дека Јехова го погледнал својот народ+ и му дал леб.+
7 Таа тргна од местото каде што живееше,+ а со неа и двете снаи, и тие одеа по патот за да се вратат во земјата на Јуда.
8 Најпосле Ноемина им рече на двете снаи: „Одете, вратете се, секоја во домот на својата мајка. Јехова нека ви покаже добрина*+ како што вие им ја покажавте на умрените и мене.+
9 Јехова нека ве дарува,+ па да најдете мир,+ секоја во куќата на својот маж“. Тогаш ги бакна,+ а тие гласно заплакаа,
10 велејќи ѝ: „Не, туку со тебе ќе се вратиме кај твојот народ“.+
11 Но Ноемина рече: „Вратете се, ќерки мои! Зошто да доаѓате со мене? Зар имам уште синови во утробата за да ви бидат мажи?+
12 Вратете се, ќерки мои, одете, бидејќи сум премногу стара за мажење. Па и кога би рекла дека имам надеж уште ноќеска да се омажам и да родам синови,+
13 зарем би ги чекале да пораснат? Зарем би се чувале за нив и би останале немажени? Не, ќерки мои, голема е горчината во мене заради вас, бидејќи раката Јеховина се подигна на мене“.+
14 Тогаш тие заплакаа уште погласно. Потоа Орфа ја бакна својата свекрва и замина, а Рут остана со неа.+
15 А Ноемина ѝ рече: „Ете, јатрва ти, која остана вдовица како тебе, се врати кај својот народ и кај своите богови.+ Врати се и ти со неа“.+
16 А Рут ѝ одговори: „Немој да ме наговараш да те оставам и да те напуштам, зашто, каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас, и каде што ќе се населиш ти, таму ќе се населам+ и јас. Твојот народ ќе биде мој народ,+ и твојот Бог мој Бог.+
17 Каде ќе умреш ти, таму ќе умрам и јас,+ и таму ќе бидам погребана. Јехова нека ми направи така, и уште нека ми додаде,+ ако ме оддели од тебе нешто друго освен смртта“.
18 Кога виде дека таа е цврсто решена да оди со неа,+ Ноемина не ја одвраќаше повеќе.
19 Така двете продолжија по својот пат додека не стигнаа во Витлеем.+ А кога стигнаа во Витлеем, целиот град се раздвижи поради нив,+ а жените велеа: „Ова ли е Ноемина?“+
20 А таа им велеше на жените: „Не викајте ме Ноемина!* Викајте ме Мара,* зашто Семоќниот+ ме исполни со голема горчина.+
21 Заминав со полни раце,+ а Јехова ме врати со празни раце.+ Зошто да ме викате Ноемина кога Јехова ме понижи+ и кога Семоќниот ми нанесе неволја?“+
22 Така Ноемина се врати од моавската земја,+ а со неа и Моавката Рут, нејзината снаа. Стигнаа во Витлеем+ кога почнуваше жетвата на јачменот.+