1. Мојсеева 47:1-31
47 Така Јосиф отиде и му јави на фараонот:+ „Мојот татко и моите браќа дојдоа од ханаанската земја со својата ситна и крупна стока и со сѐ што имаат, и ене ги во земјата Гесем“.+
2 И од своите браќа зеде петмина за да му ги претстави на фараонот.+
3 А фараонот ги праша неговите браќа: „Со што се занимавате?“+ Тие му одговорија: „Твоите слуги се овчари,+ и ние исто како нашите предци“.+
4 Потоа му рекоа на фараонот: „Дојдовме да поживееме некое време во оваа земја,+ бидејќи повеќе нема пасишта за стоката на твоите слуги,+ зашто е голем гладот во ханаанската земја.+ А сега, те молиме, дозволи им на своите слуги да се населат во земјата Гесем!“+
5 Тогаш фараонот му рече на Јосиф: „Татко ти и твоите браќа дојдоа кај тебе.
6 Египетската земја ти стои на располагање.+ Насели ги татко ти и своите браќа во најдобриот крај од оваа земја.+ Нека живеат во земјата Гесем.+ А ако знаеш дека меѓу нив има смели луѓе,+ постави ги да ја надгледуваат и мојата стока“.+
7 Потоа Јосиф го доведе својот татко Јаков и му го претстави на фараонот, а Јаков го благослови фараонот.+
8 Тогаш фараонот му рече на Јаков: „Колку години имаш?“
9 А Јаков му рече на фараонот: „Годините на моето живеење во туѓина се сто и триесет.+ Малобројни и мачни се годините на мојот живот,+ и не ги достигнаа годините на животот на моите татковци, кои тие ги поминаа во туѓина“.+
10 Потоа Јаков го благослови фараонот и замина откај него.+
11 Така Јосиф ги насели татка си и своите браќа и им даде имот во египетската земја, во најдобриот крај на земјата, во земјата Рамзес,+ како што беше заповедал фараонот.
12 И Јосиф ги снабдуваше со леб татка си и своите браќа и целиот дом на својот татко,+ според бројот на децата.+
13 И по целата земја немаше леб, зашто гладот беше многу голем.+ Луѓето во египетската земја и во ханаанската земја беа исцрпени од гладот.+
14 А Јосиф ги собра сите пари што се најдоа во египетската и во ханаанската земја за житото што го купуваа луѓето.+ Тие пари Јосиф ги донесуваше во фараоновиот дворец.
15 По некое време, снема пари во египетската земја и во ханаанската земја, и сите Египќани почнаа да доаѓаат кај Јосиф, велејќи: „Дај ни леб!+ Зошто да изумреме пред тебе сега кога повеќе нема пари?“+
16 А Јосиф рече: „Ако немате повеќе пари, дајте ми ја својата стока, па ќе ви дадам леб во замена за неа!“
17 И почнаа да ја доведуваат својата стока кај Јосиф, а Јосиф им даваше леб во замена за нивните коњи, за ситната стока, за крупната стока и за магарињата.+ Така таа година им даваше леб во замена за сета нивна стока.
18 Кога помина таа година, почнаа да доаѓаат кај него и следната година, велејќи му: „Нема да криеме од својот господар дека сите пари и сета стока веќе му ги дадовме на својот господар.+ Ништо повеќе не остана за нашиот господар освен нашите тела и нашата земја.+
19 Зошто да пропаднеме пред твои очи+ и ние и нашата земја? Купи нѐ и нас и нашата земја за леб,+ а ние ќе му бидеме робови на фараонот заедно со нашата земја! И дај ни семе за да останеме живи и да не изумреме и земјата да не ни биде опустошена!“+
20 Така Јосиф ја купи за фараонот сета земја од Египќаните,+ зашто Египќаните ги продадоа своите ниви бидејќи гладот тешко ги притисна. Така земјата стана сопственост на фараонот.
21 А тој го пресели народот во градовите од едниот крај на египетската земја до другиот.+
22 Само свештеничката земја не ја купи,+ бидејќи фараонот даваше одреден дел за свештениците и тие се хранеа од делот што им го даваше фараонот.+ Затоа не ја продадоа својата земја.+
23 Тогаш Јосиф му рече на народот: „Еве, денес ве купив вас и вашата земја за фараонот. Еве ви семе, па засејте ја земјата.+
24 Кога ќе донесе плод,+ петтина ќе му давате на фараонот,+ а четири петтини ќе ви останат вам како семе за полето и како храна за вас и за оние што се во вашите домови, и за да јадат вашите деца“.+
25 А тие одговорија: „Ни го спаси животот.+ Само да најдеме милост во очите на нашиот господар, и ќе му бидеме робови на фараонот!“+
26 И Јосиф постави закон што важи до ден-денес за земјишниот имот во Египет, дека на фараонот му припаѓа една петтина. Само земјата што им припаѓаше на свештениците, како на посебна група, не стана сопственост на фараонот.+
27 И Израелците живееја во египетската земја, во земјата Гесем.+ Тука се населија, беа плодни и многу се намножија.+
28 И Јаков живееше во египетската земја седумнаесет години, така што годините што Јаков ги поживеа беа вкупно сто четириесет и седум.+
29 И така наближи времето Израел да умре.+ Затоа го повика својот син Јосиф и му рече: „Ако сум нашол милост во твои очи, те молам, стави ја раката под моето бедро+ и покажи ми доброта* и верност!+ Те молам, немој да ме погребеш во Египет!+
30 Кај своите татковци сакам да починам,+ и затоа однеси ме од Египет и погреби ме во нивниот гроб!“+ А тој одговори: „Ќе сторам како што рече“.
31 Тогаш Јаков му рече: „Заколни ми се!“ И тој му се заколна.+ Тогаш Израел се поклони над зглавјето од постелата.+