1. Самоилова 30:1-31

30  На третиот ден, Давид стигна во Сиклаг+ со своите луѓе. А Амаличаните+ го имаа нападнато подрачјето на Негев и на Сиклаг. Го нападнаа Сиклаг, го изгореа со оган  и ги заробија жените+ и сите што беа таму, од најмалиот до најголемиот. Никого не убија, туку сите ги одведоа со себе и отидоа по својот пат.  Кога Давид дојде со своите луѓе во градот, гледај, градот беше изгорен, а нивните жени, нивните синови и нивните ќерки беа одведени во заробеништво.  Тогаш Давид и луѓето што беа со него почнаа гласно да плачат+ додека не им снема сила за плачење.  Беа заробени и двете жени на Давид — Језраелката Ахиноама+ и Авигеја,+ жената на Навал, од Кармил.  И Давид се најде во голема мака,+ зашто луѓето велеа дека ќе го каменуваат,+ бидејќи сите беа огорчени во душата,+ секој поради своите синови и своите ќерки. Но Давид беше зајакнат од Јехова, својот Бог.+  И Давид му рече на свештеникот Авијатар,+ синот на Ахимелех: „Те молам, донеси ми го ваму свештеничкиот ефод!“+ И Авијатар му го донесе на Давид ефодот.  Тогаш Давид го праша Јехова за совет:+ „Дали да појдам во потера по тие разбојници? Ќе ги стигнам ли?“ А тој му одговори:+ „Оди во потера, зашто ќе ги стигнеш и ќе ги избавиш заробените!“+  Тогаш Давид тргна со шестотините луѓе+ што беа со него и дојде до долината на Весор. Таму мораа да остават некои луѓе. 10  Давид ја продолжи потерата+ со четиристотини луѓе, а двесте луѓе, кои поради тоа што беа преморени не можеа да ја преминат долината на Весор,+ останаа таму. 11  Во полето најдоа еден Египќанец.+ Го доведоа кај Давид и му дадоа да јаде леб и да пие вода. 12  Потоа му дадоа пита смокви, како и две пити суво грозје.+ Кога го изеде тоа, му се врати силата,*+ зашто три дена и три ноќи ништо не јадел и не пиел. 13  Тогаш Давид го праша: „Чиј си и од каде си?“ А тој му одговори: „Јас сум Египќанец, роб на еден Амаличанин, но мојот господар ме остави затоа што пред три дена се разболев.+ 14  Го нападнавме јужниот дел од херетејската+ земја и од земјата на Јуда и јужниот дел на земјата на Халев,+ а Сиклаг го изгоревме со оган“. 15  Тогаш Давид го праша: „Ќе ме одведеш ли кај тие разбојници?“ А тој му одговори: „Заколни+ ми се во Бог дека нема да ме погубиш и дека нема да ме предадеш во рацете на мојот господар,+ па ќе те одведам кај нив!“ 16  И така тој го одведе кај нив.+ А тие се беа распрснале по целиот оној крај, јадејќи, пиејќи и славејќи+ поради големиот плен што го грабнаа од филистејската земја и од земјата на Јуда.+ 17  И Давид ги биеше од зори до вечер, така што ги уби* сите. Никој не му побегна,+ освен четиристотини луѓе, кои ги јавнаа камилите и избегаа. 18  Така Давид ги избави сите оние што Амаличаните ги беа грабнале.+ А Давид ги избави и двете свои жени. 19  Не недостасуваше ниту еден од нивните, од најмалиот до најголемиот, ни синовите ни ќерките, ниту нешто од пленот што овие го беа зеле со себе.+ Давид врати сѐ. 20  Тогаш Давид ја зеде сета нивна ситна и крупна стока, која ја тераа пред другата стока, велејќи: „Ова е пленот+ на Давид!“ 21  Потоа Давид се врати кај оние двесте луѓе,+ кои не можеа да одат со Давид зашто немаа сила, и останаа во долината на Весор. А тие им дојдоа во пресрет на Давид и на луѓето што беа со него. Кога им се приближи, Давид ги поздрави. 22  Тогаш сите зли и никакви луѓе+ од оние што отидоа со Давид рекоа: „Штом не дојдоа со нас, нема да им дадеме ништо од пленот што го избавивме. Секому ќе му ги дадеме само неговата жена и неговите синови. Нека ги поведат со себе и нека си одат!“ 23  Но Давид одврати: „Не правете така, браќа мои, со она што ни го даде Јехова!+ Тој нѐ чуваше+ и ни ги даде в раце разбојниците што излегоа против нас.+ 24  Кој ќе ве послуша во тоа што го велите? Зашто, колкав дел му припаѓа на оној што одеше во битка, толкав ќе му биде делот и на оној што седеше кај товарот!+ Сите ќе добијат еднакво!“+ 25  И од тој ден, тој го воведе тоа како уредба и закон+ во Израел, што важи до денешен ден. 26  Кога дојде во Сиклаг, Давид им испрати дел од пленот на старешините на Јуда, негови пријатели,+ и им порача: „Еве ви како благослов дар+ од пленот од Јеховините непријатели!“ 27  И им испрати дар на оние во Ветил,+ на оние во јужен Рамот,+ на оние во Јатир,+ 28  на оние во Ароир, на оние во Сифмот, на оние во Естемоја,+ 29  на оние во Ракал, на оние во јерамеилските градови,+ на оние во кенејските градови,+ 30  на оние во Хорма,+ на оние во Ворашан,+ на оние во Атак, 31  на оние во Хеврон+ и во сите места во кои Давид доаѓаше со своите луѓе.

Фусноти

Буквално: „духот“.
Или: „ги уби како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.