5. Мојсеева 14:1-29

14  Вие сте синови на Јехова, својот Бог.+ Не сечете се+ по телото и не бричете се+ над очите* за мртовец.  Зашто, ти си свет народ+ пред Јехова, својот Бог, и Јехова те избра да бидеш негов народ, негова најмила сопственост+ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.  Немој да јадеш ништо одвратно.+  Ова се животните што смеете да ги јадете:+ говедото, овцата, козата,  еленот, газелата, срнецот,+ дивата коза, антилопата, дивата овца и дивокозата,  и сите животни што имаат сосема раздвоени копита и преживаат.+ Нив смеете да ги јадете.  Од оние што преживаат или имаат сосема раздвоени копита не смеете да ги јадете само овие: камилата,+ зајакот+ и пештерникот,+ зашто, иако преживаат, немаат раздвоени копита. Нека ви бидат нечисти.  Исто така и свињата,+ зашто, иако има раздвоени копита, не прежива. Нека ви биде нечиста. Не јадете го нивното месо и не допирајте ја нивната мрша.+  Од сѐ што е во водата смеете да го јадете следново: сѐ што има перки и лушпи смеете да го јадете.+ 10  А сѐ што нема перки и лушпи не смеете да го јадете.+ Тоа нека ви биде нечисто. 11  Секоја чиста птица смеете да ја јадете. 12  Но не смеете да ги јадете овие: орелот, орелот-рибар, темноглавиот мршојадец,+ 13  црвената луња, мрката луња+ и јастребот според нивните видови; 14  сите гаврани+ според нивните видови; 15  нојот,+ бувот, галебот и соколот според нивните видови; 16  утката, ушестиот був,+ лебедот, 17  пеликанот,+ мршојадецот, корморанот, 18  штркот и чапјата според нивните видови, пупунецот и лилјакот.+ 19  Сите крилести суштества што живеат во роеви нека ви бидат нечисти.+ Не треба да се јадат. 20  Секое чисто суштество што лета смеете да го јадете. 21  Не смеете да го јадете она што пцовисало.+ На дојденецот што живее во твојот град смееш да му го дадеш да го јаде или продај му го на некој туѓинец, зашто ти си свет народ пред Јехова, својот Бог. Не вари го јарето во млеко од неговата мајка.+ 22  Одвојувај десеттина од целиот род на своето семе, кој го раѓа твојата нива секоја година.+ 23  И пред Јехова, својот Бог, на местото што ќе го избере тој за таму да престојува неговото име, јади ја десеттината од своето жито,+ од своето младо вино, од своето масло и од својата првородена крупна и ситна стока,+ за да научиш секогаш да се боиш од Јехова, својот Бог.+ 24  Ако ти биде патот предолг,+ зашто местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за да престојува таму неговото име+ ти е предалеку, па не можеш да го носиш тоа — зашто ќе те благослови Јехова, твојот Бог+ 25  продај го за пари, па парите врзи ги и земи ги в рака, па отпатувај на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог. 26  И за тие пари купи сѐ што ќе ти посака душата:+ говеда, ситна стока, вино и опоен пијалак+ и сѐ што ти сака душата. И јади таму пред Јехова, својот Бог, и радувај се,+ ти и твојот дом. 27  И не заборавај ги Левиевите синови што живеат во твојот град,+ зашто тие немаат ни дел ни наследство со тебе.+ 28  На крајот од третата година изнеси ја целата десеттина од родот во таа година+ и складирај ја во својот град. 29  И нека дојде Левиевиот син+ — зашто нема ни дел ни наследство со тебе — и дојденецот+ и детето без татко и вдовицата,+ кои живеат во твојот град, па нека се најадат до ситост, за да те благослови+ Јехова, твојот Бог, во секое дело+ на твоите раце, кое го вршиш.

Фусноти

Буквално: „и не бричете се меѓу очите“. Изразот се однесува на бричење на веѓите.