5. Мојсеева 27:1-26

27  Потоа Мојсеј заедно со старешините на Израел му заповеда на народот: „Држете ги сите заповеди што ви ги давам денес.+  Кога ќе го преминете Јордан+ во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, постави си големи камења и варосај ги.  И напиши ги на нив сите зборови на овој закон+ кога ќе преминеш+ и ќе влезеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, земја во која тече мед и млеко, како што ти рече Јехова, Богот на твоите прататковци.+  Кога ќе го преминете Јордан, поставете ги тие камења на планината Евал,+ како што ви заповедам денес, и варосај ги.+  Таму изгради му и жртвеник на Јехова, својот Бог, жртвеник од камења што не си ги обработувал со железни алатки.+  Од неделкани камења изгради му жртвеник на Јехова, својот Бог, и на него принесувај му жртви паленици на Јехова, својот Бог.+  Принесувај и жртви на заедништвото+ и јади ги таму,+ и радувај се пред Јехова, својот Бог.+  А на камењата напиши ги сите зборови на овој закон+ за да бидат сосема јасни“.+  Потоа Мојсеј и сите левитски свештеници му рекоа на целиот Израел: „Молчи и слушај, Израеле! Денес стана народ на Јехова, својот Бог.+ 10  Слушај го гласот на Јехова, својот Бог, и држи ги неговите заповеди+ и неговите уредби,+ кои ти ги давам денес“. 11  И во тој ден Мојсеј му заповеда на народот: 12  „Кога ќе го минете Јордан, овие нека застанат на планината Гаризим+ за да го благословуваат народот: Симеон, Леви, Јуда, Исахар, Јосиф и Венијамин. 13  А овие нека застанат на планината Евал+ за да проколнуваат:+ Рувим, Гад, Асер, Завулон, Дан и Нефталим. 14  А левитите нека проговорат и нека им кажат на сите Израелци со силен глас:+ 15  ‚Проклет да е оној што ќе направи режан лик+ или излеана статуа,+ она што е одвратно за Јехова,+ дело на човечки раце што обработуваат дрво и метал,+ па ќе го постави на скришно место‘. А целиот народ нека одговори и нека рече: ‚Амин!‘*+ 16  ‚Проклет да е оној што го презира својот татко или својата мајка.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 17  ‚Проклет да е оној што ќе ја помести меѓата на својот ближен.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 18  ‚Проклет да е оној што ќе наведе слеп човек да скршне од патот.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 19  ‚Проклет да е оној што ја извртува+ правдата+ на дојденецот,+ на детето без татко и на вдовицата.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 20  ‚Проклет да е оној што ќе легне со жената на својот татко, зашто го открил скутот на својот татко.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 21  ‚Проклет да е оној што ќе легне со какво и да е животно.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 22  ‚Проклет да е оној што ќе легне со својата сестра, било да е тоа ќерка на татко му или ќерка на мајка му.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 23  ‚Проклет да е оној што ќе легне со својата тешта.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 24  ‚Проклет да е оној што ќе го убие својот ближен од заседа.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 25  ‚Проклет да е оној што прима мито за да убие невина душа и да ја пролее нејзината крв.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘ 26  ‚Проклет да е оној што не ги држи зборовите на овој закон и не постапува според нив.‘+ А целиот народ нека рече: ‚Амин!‘

Фусноти

Хебрејскиот збор „амин“ значи „навистина е така; така нека биде“.