Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Библиски земји

Библиски земји

Библиски земји

КОГА Израел се подготвувал да влезе во Ветената земја, Мојсеј му ја открил на Бог својата голема желба: „Те молам, дозволи ми да преминам онаму и да ја видам онаа добра земја преку Јордан, тие прекрасни планини“ (5Мо 3:25).

Иако не му било дозволено да влезе, Мојсеј сепак се искачил на една планина спроти Ерихон и ја видел таа земја — ‚Галад до Дан и земјата на Јуда до западното море, потоа Негев и Јорданската Долина‘ (5Мо 3:27; 34:1-4). Ти звучат ли познато овие имиња? Знаеш ли каде се наоѓаат тие места?

Денес само малкумина од Јеховиниот народ можат да ги посетат местата за кои читаат во Библијата. Тие не можат да го направат она што Бог го побарал од Авраам: да ја пропатува Ветената земја во должина и во широчина (1Мо 13:14-17). Сепак, вистинските христијани сакаат да знаат каде се наоѓаат библиските места и да видат како се поврзани меѓу себе.

Брошурата Запознај ја ‚добрата земја‘ може да ти помогне да го зголемиш своето познавање на Библијата. Во неа има фотографии од места кои сѐ уште постојат како, на пример, од Галад, кој е прикажан на корицата. Уште попоучни се картите, кои можат многу да го зголемат твоето знаење за библиските места.

Картата на 2. и 3. страница ги прикажува поголемите земји и региони. На пример, кога ќе видиш каде се наоѓале Асирија и Египет во однос на Ветената земја, ќе можеш подобро да ги разбереш пророштвата во кои се спомнати тие земји (Иса 7:18; 27:13; Ос 11:11; Мх 7:12). Тесниот појас наречен Ветената земја бил древен крстопат, па затоа другите народи сакале да загосподарат со неговите плодни житници, лозја и маслинарници (5Мо 8:8; Су 15:5).

Понекогаш можеш да ги споредуваш картите. На пример, Јона добил задача да оди во престолнината на Асирија, но отпловил за Тарсис (Јон 1:1-3). Можеш ли да ги најдеш тие места на првата карта? Но, внимавај да не го смешаш Тарсис со Тарс, каде што бил роден апостол Павле. Тарс, како и други значајни градови, се наоѓаат на картата на оваа страница.

Ако ги најдеш Ур, Харан и Ерусалим, ќе можеш да видиш колкав пат поминал Авраам и во која насока патувал. Откако Јехова го повикал од Ур, Авраам живеел во Харан, а потоа се преселил во Ветената земја (1Мо 11:28—12:1; Де 7:2-5). Патувањето на Авраам ќе можеш уште подобро да си го претставиш додека го проучуваш делот „Светот на патријарсите“, на 6. и 7. страница.

Првата карта, како и оваа овде не се поврзани со некој одреден временски период. Но, останатите карти се главно подредени по хронолошки редослед. Градовите или некои поединости на тие карти се поврзани со настани што се одиграле во одредениот временски период. Индексот на картите (страници 34 и 35) обично ќе може да ти послужи за да ги најдеш картите што се поврзани со темата која моментално ја истражуваш, иако во него не се наведени сите места што се означени на картите.

На картата во средината на брошурава (страници 18 и 19) се означени најмногу места и градови во Ветената земја. Легендата на картата ќе ти помогне да ги пронајдеш левитските градови и шесте градови-прибежишта, но и да дознаеш дали некое место е спомнато во Хебрејските списи, во Грчките или и во двете.

Денес не може да се одреди местоположбата на некои библиски места, па затоа повеќето од нив не се наоѓаат на таа карта. Исто така, не беше можно на картата да се означи секој град и место како, на пример, сите места наведени во описот на границите помеѓу племињата (ИсН, погл. 15-19). Сепак, таа карта главно ги содржи градовите во близина на тие неозначени места, па така можеш приближно да одредиш каде се наоѓале. Означени се и некои географски карактеристики (планини, реки и речни долини), а возвишенијата и другите природни обележја се прикажани со бои. Таквите поединости можат да ти помогнат да си претставиш различни аспекти од библиските настани.

Повеќе информации за библиските места можат да се најдат во енциклопедијата Увид во Светото писмо, која е достапна на повеќе јазици. a Кога ќе ја користиш оваа енциклопедија или други библиски публикации, имај ја при рака брошурата Запознај ја ‚добрата земја‘. Служи се со неа додека го проучуваш секој дел од Библијата, книга која може многу да ти користи во животот (2Ти 3:16, 17).

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка на страница 5]

БИБЛИСКИТЕ КНИГИ БИЛЕ ПИШУВАНИ ВО:

Вавилон

Цезареја

Коринт

Египет

Ефес

Ерусалим

Македонија

Моав

Патмос

Ветената земја

Рим

Суза

[Карта на страници 4 и 5]

(Види во публикацијата)

Библиски земји и поголеми градови

А1 ИТАЛИЈА

А2 РИМ

А3 СИЦИЛИЈА

А3 МАЛТА

В2 МАКЕДОНИЈА

В2 Филипи

В2 ГРЦИЈА

В3 АТИНА

В3 Коринт

В3 КРИТ

В4 ЛИБИЈА

Г3 Антиохија (писидиска)

Г3 Ефес

Г3 ПАТМОС

Г3 РОДОС

Г4 МЕМФИС

Г5 ЕГИПЕТ

Д2 МАЛА АЗИЈА

Д3 Тарс

Д3 Антиохија (сириска)

Д3 КИПАР

Д4 Сидон

Д4 Дамаск

Д4 Тир

Д4 Цезареја

Д4 ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА

Д4 ЕРУСАЛИМ

Д4 МОАВ

Д4 Кадис

Д4 ЕДОМ

Ѓ3 Градината Еден?

Ѓ3 АСИРИЈА

Ѓ3 Харан

Ѓ3 СИРИЈА

Ѓ5 АРАБИЈА

Е3 НИНЕВИЈА

Е4 ВАВИЛОН

Е4 ХАЛДЕЈА

Е4 Суза

Е4 Ур

Ж3 МЕДИЈА

[Планини]

Д5 Синај

Е2 АРАРАТ

[Мориња]

В3 Средоземно Море (Големо Море)

Д1 Црно Море

Д5 Црвено Море

Ж2 Касписко Море

Ж5 Персиски Залив

[Реки]

Г5 Нил

Ѓ3 Еуфрат

Е3 Тигар