Да учиме од... Суламката
Да учиме од... Суламката
Младата Суламка знае дека, кога станува збор за љубов, мора да задржи бистра глава. „Ве заколнувам“, им вели на своите пријателки, „не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.“ Суламката знае дека чувствата можат лесно да го поматат разумот. На пример, јасно ѝ е дека другите можат да ѝ вршат притисок да прифати врска со некој што не е вистинскиот за неа. Дури и нејзините сопствени чувства можат да ѝ го замаглат судот. Затоа Суламката останува како „ѕид“ (Песна над песните 8:4, 10).
Дали и ти размислуваш толку зрело за љубовта како Суламката? Можеш ли да слушаш што ти вели разумот, а не само што ти вели срцето? (Изреки 2:10, 11). Понекогаш другите можеби ќе се обидат да ти вршат притисок да почнеш врска пред да бидеш спремна за такво нешто. Можеби и самата се ставаш под таков притисок. На пример, кога ќе видиш дечко и девојка како се шетаат држејќи се за рака, дали и ти со душа би сакала да имаш таква врска? Дали би прифатила некој што нема исти верувања како тебе? Суламката била зрела во поглед на љубовта. Можеш да бидеш и ти!