ПОГЛАВЈЕ 8
Избегале од еден суров владетел
-
СЕМЕЈСТВОТО НА ИСУС ПОБЕГНАЛО ВО ЕГИПЕТ
-
ЈОСИФ СО СЕМЕЈСТВОТО СЕ ПРЕСЕЛИЛ ВО НАЗАРЕТ
Среде ноќ, Јосиф ја разбудил Марија за да ѝ каже нешто многу важно. Тукушто му се појавил ангел на сон и му рекол: „Стани, земи ги детето и мајка му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам да се вратиш, зашто Ирод ќе го бара детето за да го погуби“ (Матеј 2:13).
Без да губат време, Јосиф и Марија со својот син побегнале во текот на истата ноќ. И добро што успеале да избегаат навреме, бидејќи Ирод сфатил дека астролозите го изиграле. Тој очекувал дека ќе се вратат кај него и ќе му кажат каде е Исус, но наместо тоа тие си заминале од земјата. Ирод пламнал од гнев. Решен да го убие Исус, издал наредба да бидат убиени сите машки деца до две години во Витлеем и околината. Таа возраст ја одредил на темел на она што претходно го дознал од астролозите од Исток.
Колежот на тие невини дечиња бил ужасно злосторство! Не се знае колку деца биле убиени, но горкото оплакување на мајките било исполнување на едно библиско пророштво што го запишал Божјиот пророк Еремија (Еремија 31:15).
Во меѓувреме, Јосиф и неговото семејство побегнале во Египет и се населиле таму. Но, една ноќ, на Јосиф повторно му се појавил на сон еден ангел испратен од Јехова. „Стани“, му рекол, „земи ги детето и мајка му и појди во израелската земја, зашто умреа оние што ја бараа душата на детето“ (Матеј 2:20). Јосиф го послушал ангелот и решил со семејството да се врати во својата земја. Така се исполнило уште едно библиско пророштво — дека Божјиот Син ќе биде повикан од Египет (Осија 11:1).
Јосиф веројатно имал намера со своето семејство да се насели во Јудеја, можеби некаде близу до градот Витлеем, каде што Матеј 2:23).
живееле пред да побегнат во Египет. Но, дознал дека над Јудеја владеел злобниот син на Ирод, Архелај. Освен тоа, Бог повторно му се јавил на сон и му кажал дека е во опасност. Затоа, Јосиф отпатувал со семејството на север и се населил во галилејскиот град Назарет, далеку од жариштето на религиозните случувања. Во тоа гратче израснал Исус, со што се исполнило уште едно пророштво: „Ќе биде наречен Назареќанец“ (