Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА 13

Тимотеј сакал да им помага на луѓето

Тимотеј сакал да им помага на луѓето

Тимотеј бил млад човек кој многу сакал да им помага на луѓето. Тој патувал на многу места за да им помага на другите и тоа многу го радувало. Сакаш ли да дознаеш нешто повеќе за Тимотеј?—

Мајка му и баба му на Тимотеј го учеле за Јехова

Тимотеј пораснал во градот Листра. Уште од мал, баба му Лоида и мајка му Евника го учеле за Јехова. Како што растел, Тимотеј сакал да им помага и на другите да учат за Јехова.

Уште додека Тимотеј бил младо момче, Павле го викнал да патува со него за да проповедаат на други места. Тимотеј сакал да оди со Павле и веднаш тргнал со него затоа што така можел да им помага на другите.

Тимотеј и Павле тргнале на пат за Солун. За да стигнат таму, морале многу да одат пешки, а потоа да се качат на брод. Кога стигнале во Солун, им помогнале на многу луѓе да го запознаат Јехова. Но, некои луѓе се налутиле и сакале да ги повредат. Затоа Павле и Тимотеј морале да си заминат и да проповедаат на други места.

Тимотеј им служел на другите

Неколку месеци подоцна, Павле пак го пратил Тимотеј во Солун за да види како се браќата таму. Тимотеј морал да биде многу храбар за да се врати во тој опасен град! Но, отишол затоа што ги сакал браќата. Кога се вратил кај Павле, му кажал многу убави работи за нив!

Тимотеј и Павле служеле заедно многу години. Еднаш, Павле рекол дека нема подобар брат од Тимотеј што може да им помага на собранијата. Тимотеј ги сакал и Јехова и луѓето.

А ти ги сакаш ли луѓето и сакаш ли да им кажуваш за Јехова?— Ако го правиш тоа, и ти ќе бидеш радосен, исто како Тимотеј!