ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ
ЛЕКЦИЈА 3
Љубезност и добрина
Начело: „Љубовта е... љубезна“ (1. Кор. 13:4)
Што направил Исус?
1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Јован 9:1-7. Потоа размисли за следниве прашања:
-
а) Што направил Исус прво — го излекувал слепиот човек или му ја пренел добрата вест? (Види Јован 9:35-38.)
-
б) Што мислиш, зошто поради она што Исус го направил, човекот бил поспремен да ја слушне добрата вест?
Што учиме од Исус?
2. Поверојатно е дека едно лице ќе биде спремно да ја слушне нашата порака ако почувствува дека искрено се интересираме за него.
Следи го примерот на Исус
3. Покажи сочувство кон лицето. Обиди се да си замислиш како се чувствува.
-
а) Прашај се: „Што би можело да го загрижува? Што би можело да му користи и да му биде интересно?“ Ова може да ти помогне да покажеш љубезност и добрина на искрен и природен начин.
-
б) Покажи дека ти е важно она што го кажува, така што ќе го сослушаш. Ако ти каже што мисли за одредена работа или ти спомне некој проблем со кој се соочува, не ја менувај темата.
4. Зборувај љубезно и со почит. Ако имаш сочувство за лицето и навистина сакаш да му помогнеш, тоа ќе се види од начинот на кој зборуваш. Внимавај што ќе кажеш и како ќе го кажеш, и немој да кажеш нешто што би можело да го навреди.
5. Биди спремен да помогнеш. Барај прилики во кои би било соодветно да помогнеш на практичен начин. Добрите дела можат да водат до добар разговор.