ОСМО ПОГЛАВЈЕ
Истрајал и покрај разочарувањата
1. Зошто градот Сило бил облеан во солзи?
САМОИЛ со длабока болка ги набљудувал жителите на Сило. Градот бил облеан во солзи. Од колку ли само куќи се слушал лелекот на жените и плачот на децата затоа што нивните татковци, сопрузи, синови и браќа никогаш повторно нема да се вратат дома! Филистејците му нанеле на Израел тежок пораз во кој биле убиени околу 30.000 војници, и тоа кратко откако во една друга битка загинале 4.000 Израелци (1. Сам. 4:1, 2, 10).
2, 3. Кои трагедии му донеле срам и му ја одзеле славата на Сило?
2 Тоа била само една од низата трагедии што ги погодиле. Офни и Финес, злобните синови на првосвештеникот Илиј, го однеле од Сило светиот ковчег на сојузот. Тој ковчег бил симбол на Божјата присутност и обично стоел во најсветиот дел на шаторот. Народот го понел ковчегот на сојузот во битката, мислејќи дека на некој чудесен начин ќе им донесе победа. Но, Филистејците го заплениле и ги убиле Офни и Финес (1. Сам. 4:3-11).
3 Ковчегот на сојузот со векови бил во светиот шатор во Сило, а сега паднал во рацете на непријателот. Кога Илиј, кој тогаш имал 98 години, чул што се случило, паднал од столот и умрел. Неговата снаа, која тој ден станала вдовица, умрела при породувањето. Пред да издивне, рекла: „Славата отиде од Израел во изгнанство“. Навистина, оттогаш во Сило ништо повеќе не било како порано (1. Сам. 4:12-22).
4. Што ќе разгледаме во ова поглавје?
4 Како ги поднел Самоил сите тие големи разочарувања? Дали имал доволно вера за да му помогне на народот кој ги изгубил заштитата и наклоноста од Јехова? Сите ние одвреме-навреме доживуваме тешкотии и разочарувања кои би можеле да ни ја поколебаат верата. Затоа, да видиме што друго можеме да научиме од Самоил.
‚Го направил она што е праведно‘
5, 6. Што кажува библискиот извештај за еден период од 20 години, и што правел Самоил за тоа време?
5 Понатаму, библискиот извештај го насочува вниманието кон светиот ковчег. Опишува какви неволји доживеале 1. Сам. 7:2). Што правел Самоил за сето тоа време? Библијата ни го дава одговорот.
Филистејците затоа што го зеле и како тие неволји ги принудиле да го вратат. Самоил се спомнува повторно дури во описот на настаните што се случувале околу 20 години подоцна (6 Од неа дознаваме дека, пред да се одиграат настаните поврзани со ковчегот, Самоил ‚му ги пренесувал Божјите зборови на целиот Израел‘ (1. Сам. 4:1). А по тој период од 20-ина години, Самоил секоја година патувал и обиколувал три града во Израел за да им суди на луѓето и да ги решава нивните спорови. Потоа се враќал дома во Рама (1. Сам. 7:15-17). Тој бил вреден и самопожртвуван човек, па очигледно и во текот на тие 20 години имал полни раце работа.
Иако Самоил не се спомнува во период од 20 години, можеме да бидеме сигурни дека бил зафатен во службата за Јехова
7, 8. а) Што му рекол Самоил на народот откако две децении верно ја извршувал својата задача? б) Како реагирал народот?
7 Моралната расипаност и лошите постапки на синовите на Илиј му ја поткопале верата на народот. Изгледа дека некои токму од таа причина почнале да обожаваат лажни богови. Откако 20 години вредно си ја извршувал задачата што му ја дал Бог, Самоил му рекол на народот: „Ако му се враќате на Јехова со сето свое срце, отстранете ги од својата средина туѓите богови и Астартите, па решително насочете го своето срце кон Јехова и служете му само нему! И тој ќе ве избави од филистејската рака“ (1. Сам. 7:3).
8 „Филистејската рака“ во тоа време силно ги притискала Израелците. Бидејќи ѝ нанеле тежок пораз на израелската војска, Филистејците мислеле дека можат да го угнетуваат Божјиот народ и дека за тоа нема да одговараат пред никого. Но, Самоил ги уверил Израелците дека работите ќе се променат ако му се вратат на Јехова и ако повторно почнат да му служат. Дали го послушале? Самоил сигурно бил пресреќен кога луѓето ги отстраниле своите идоли и почнале ‚да му служат само на Јехова‘. Затоа заповедал целиот народ да се собере во Миспа, град кој се наоѓал во планинскиот предел северно од Ерусалим. Кога се собрале, тие постеле и се покајале за многуте гревови што ги направиле со тоа што обожавале идоли. (Прочитај 1. Самоилова 7:4-6.)
Филистејците мислеле дека тоа што Јеховиниот народ бил собран на едно место е добра прилика да го уништат
9. Каква прилика им се укажала на Филистејците, и што направил Божјиот народ кога се нашол во опасност?
9 Меѓутоа, Филистејците дознале за овој собир и одлучиле да ја искористат таа прилика. Испратиле војска во Миспа 1. Сам. 7:7-10).
за да ги уништат Јеховините слуги еднаш засекогаш. Кога ја слушнале веста дека им се заканува страшна опасност, Израелците се преплашиле и му рекле на Самоил да се моли за нив. Тој се помолил и му принел жртва на Јехова. За време на тој свет обред, филистејската војска стигнала пред Миспа, спремна за битка. Но, Јехова ја слушнал молитвата на Самоил. ‚Згрмел на Филистејците со силни грмотевици‘ и со тоа јасно покажал колку силен гнев чувствува. Тогаш меѓу војниците настанала тотална збрка (10, 11. а) Зошто грмотевиците што Јехова им ги пуштил на Филистејците биле нешто невообичаено? б) Каков бил исходот од битката што започнала кај Миспа?
10 Филистејските војници не биле плашливи како мали деца кои брзо се кријат кај својата мајка кога ќе загрми. Тие биле силни, искусни војници. Значи, овие грмотевици мора да биле нешто посебно, нешто дотогаш невидено и нечуено. Зошто Филистејците толку се уплашиле? Дали можеби силниот звук што го чуле бил необично продорен? Дали грмотевиците дошле од ведро небо или, пак, заглушувачки одекнувале од околните планини па не можело да се препознае од каде доаѓаат? Како и да е, Филистејците биле смртно преплашени. Во паника, наместо да тргнат во напад, тие се разбегале. Израелците нагрнале од Миспа и ги поразиле, а потоа ги гонеле со километри сѐ до подрачјето што се простирало југозападно од Ерусалим (1. Сам. 7:11).
11 Таа битка била пресвртница за Божјиот народ. Филистејците продолжиле да се повлекуваат за сето време додека Самоил бил судија. Градовите еден по еден се враќале во рацете на Израелците (1. Сам. 7:13, 14).
12. Како Самоил го правел „она што е праведно“, и кои особини му помогнале во тоа?
12 Неколку века подоцна, апостол Павле го вброил Самоил меѓу верните судии и пророци кои го правеле „она што е праведно“ (Евр. 11:32, 33). Самоил многу му помогнал на народот да го прави она што било добро и праведно во Божји очи. Во тоа успеал затоа што стрпливо чекал на Јехова и верно си ја извршувал задачата и покрај тоа што многупати доживувал разочарување. Исто така, покажал благодарност за сѐ што направил Јехова за својот народ. Откако извојувале победа кај Миспа, Самоил подигнал споменик во знак на сеќавање на она што го направил Јехова за својот народ (1. Сам. 7:12).
13. а) Кои особини ни се потребни за да бидеме како Самоил? б) Што мислиш, кога е најдобро да ги стекнеме тие особини?
1. Петрово 5:6.) Кому од нас не му требаат тие особини? Добро било што Самоил ги стекнал и ги покажувал овие особини додека бил млад, бидејќи подоцна доживеал уште поголеми разочарувања.
13 Дали и ти сакаш да го правиш „она што е праведно“? Ако да, во тоа може многу да ти помогне примерот на Самоил, кој бил стрплив, понизен и му бил благодарен на Бог за сѐ. (Прочитај„Твоите синови не одат по твоите патишта“
14, 15. а) Какво горко разочарување доживеал Самоил откако остарел? б) Дали Самоил бил неодговорен татко како Илиј? Објасни.
14 Во библискиот извештај Самоил се спомнува повторно дури кога остарел. Тогаш веќе имал два возрасни сина, Јоил и Авија, на кои им доверил задача да му помагаат додека му суди на народот. За жал, тие не ја оправдале неговата доверба. Иако Самоил бил чесен и праведен, неговите синови ја злоупотребувале својата положба, ја извртувале правдата и примале мито (1. Сам. 8:1-3).
15 Еден ден, старешините на Израел отишле кај овој остарен пророк и му се пожалиле: „Твоите синови не одат по твоите патишта“ (1. Сам. 8:4, 5). Дали Самоил знаел за тоа? Библијата не ни кажува. Меѓутоа, за разлика од Илиј, на Самоил сигурно не можело да му се приговори дека бил неодговорен татко. Јехова го прекорил и го казнил Илиј затоа што не направил ништо за да им помогне на своите злобни синови да се променат и со тоа им укажал поголема чест ним отколку на Бог (1. Сам. 2:27-29). Но, Јехова никогаш не му приговорил на Самоил за такво нешто.
16. Со какви чувства се соочуваат родителите на бунтовните деца, и како може да ги утеши и да им помогне примерот на Самоил?
16 Извештајот не кажува како се чувствувал Самоил кога дознал за лошите постапки на своите синови — дали се срамел, се измачувал или чувствувал силна болка затоа што горко го разочарале. За жал, многу родители добро знаат како му било. Во денешниве тешки времиња не е реткост младите да покажуваат непочитување кон родителите и кон нивните поуки. (Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5.) Она што му се случило на Самоил може во некоја мера да ги утеши и да им помогне на родителите кои на своја кожа почувствувале таква болка. Тој не дозволил лошото постапување на неговите синови да влијае врз неговиот начин на живот. Не заборавај дека, дури и кога со зборови и укор родителите не можат да постигнат ништо, со својот добар пример можеби ќе допрат до срцето на децата и ќе ги поттикнат да се променат. Освен тоа, родителите секогаш можат да се трудат со својот живот да му донесат чест и слава на нивниот Татко, Јехова Бог — како што правел и Самоил.
„Постави ни цар“
17. Што побарале од Самоил старешините на Израел, и што мислел тој за нивното барање?
17 Синовите на Самоил не можеле ни да си замислат колкави ќе бидат последиците од нивната алчност и себичност. Старешините на Израел му рекле на Самоил: „Постави ни цар за да ни суди, како што е кај сите народи“. Дали со тоа барање народот го отфрлил лично Самоил? Не. Тој со децении им судел на луѓето во името на Јехова. Меѓутоа, тие повеќе не сакале да им биде судија некаков обичен пророк како Самоил. Околните народи имале цареви, па и Израелците сакале да имаат свој цар! Што мислел Самоил за тоа? Во Библијата пишува дека во негови очи тоа било лошо (1. Сам. 8:5, 6).
18. Како Јехова го утешил Самоил, и како покажал колку бил тежок гревот на Израелците?
18 Забележи што му рекол Јехова на Самоил кога тој му се помолил во врска со таа работа: „Послушај го гласот на народот во сѐ што ти вели, зашто не те отфрлија тебе, туку ме отфрлија мене за да не царувам над нив“. Тие зборови сигурно многу го утешиле Самоил, но покажале и дека Израелците му нанеле тешка навреда на Семоќниот Бог! Јехова му рекол на 1. Сам. 8:7-19).
својот пророк да ги предупреди дека скапо ќе ги чини тоа што ќе имаат човек за цар. Самоил им го пренел она што го кажал Јехова, но тие упорно барале: „Нека има цар над нас!“ Бидејќи Самоил секогаш му бил послушен на својот Бог, отишол и го помазал царот што Јехова го избрал (19, 20. а) Со каков став Самоил го послушал Јехова кога го помазал Саул за цар на Израел? б) Како Самоил продолжил да му помага на Јеховиниот народ?
19 Со каков став Самоил го послушал Бог? Дали бил безволен и лут? Дозволил ли разочарувањето и огорченоста да фатат корен во неговото срце? Многу луѓе можеби би реагирале така кога би се нашле во слична ситуација, но Самоил постапил сосема поинаку. Тој го помазал Саул за цар и признал дека лично Јехова го избрал да владее над Неговиот народ. Го бакнал, што значело дека го прифаќа и му се подложува на новиот цар. А на народот му рекол: „Го видовте ли оној кого Јехова го избра? Во сиот народ нема друг како него“ (1. Сам. 10:1, 24).
20 Самоил не ги гледал лошите, туку добрите особини на човекот што Јехова го избрал за цар. А како гледал на себе? Тој не барал признание од превртливите луѓе туку најважно му било да му остане верен на Бог (1. Сам. 12:1-4). Исто така, верно ја извршил задачата што му ја дал Бог, ги предупредил своите сонародници на духовните опасности и ги охрабрил да му останат верни на Јехова. Неговите зборови ги допреле срцата на луѓето, кои почнале да го преколнуваат да се моли за нив. Потоа, Самоил им го кажал следново: „Јас во никој случај не сакам да му згрешам на Јехова и да престанам да се молам за вас. Ќе ве поучам за пат кој е добар и исправен“ (1. Сам. 12:21-24).
Од Самоил учиме дека не смееме да дозволиме љубомората и огорченоста да фатат корен во нашето срце
21. Како може примерот на Самоил да ти помогне ако се разочараш затоа што некој друг добил извесна одговорност или задача?
21 Дали некогаш си бил разочаран затоа што некој друг добил извесна одговорност или задача? Примерот на Самоил ни служи како важно потсетување дека не смееме да дозволиме љубомората и огорченоста да фатат корен во нашето срце. (Прочитај Изреки 14:30.) За секој свој верен слуга, Бог има задачи што носат радост.
„До кога ќе тагуваш за Саул?“
22. Зошто било оправдано доброто мислење што Самоил отпрвин го имал за Саул?
22 По сѐ изгледа, доброто мислење што Самоил го имал за Саул било оправдано. Саул навистина бил посебен човек. Бил 1. Сам. 10:22, 23, 27). Освен овие убави особини, тој имал уште еден скапоцен дар — слободната волја, односно способноста сам да го избере својот животен пат и да донесува одлуки (5. Мој. 30:19). Дали мудро го искористил овој дар?
висок и претставителен, храбар и снаодлив, а сепак, во почетокот бил скромен и понизен (23. Кои убави особини брзо ги изгубил Саул, и како покажал дека станува сѐ погорд?
23 За жал, кога човек ќе добие моќ и власт, скромноста и понизноста честопати брзо исчезнуваат од неговото срце. Кратко време откако седнал на престолот, Саул се возгордеал. Станал глув на Јеховините наредби што му ги пренесувал Самоил. Во една прилика бил толку нестрплив што му принел жртва на Јехова иако добро знаел дека Самоил требало да ја принесе. Пророкот остро го прекорил и му рекол дека царската власт нема да остане во неговото семејство. Наместо да извлече поука од тој укор, Саул станал уште полош и продолжил да му биде непослушен на Јехова (1. Сам. 13:8, 9, 13, 14).
24. а) Како Саул покажал непослушност кон Јехова во војната против Амаличаните? б) Како реагирал Саул кога добил укор, и каква одлука донел Јехова?
24 Преку Самоил, Јехова му рекол на Саул да започне војна со Амаличаните. Меѓу другото, му наредил и да го погуби нивниот злобен цар, Агаг. Но, Саул му го поштедил животот на Агаг, како и најдобрата стока што требало да се погуби. Кога Самоил дошол да го прекори затоа што не ја послушал Јеховината реч, Саул покажал каков човек станал. Наместо понизно да го прифати укорот, тој почнал да се правда и да бара изговори за своите постапки, ја избегнувал одговорноста за тоа што го направил и се обидел да ја префрли вината врз народот. Почнал да ја намалува сериозноста на опомената што му ја дал Самоил тврдејќи дека имал намера дел од стоката да му ја жртвува на Јехова. Но, Самоил му рекол: „Знај, послушноста е подобра од жртвите“. Самоил храбро го прекорил царот и отворено му ја кажал Јеховината одлука — царството ќе се одземе од Саул и ќе му се даде на друг, подобар човек * (1. Сам. 15:1-33).
25, 26. а) Зошто Самоил тагувал за Саул, и како Јехова благо го прекорил? б) Што сфатил Самоил кога отишол во домот на Јесеј?
25 Самоил бил длабоко потресен поради тоа што Саул го изневерил Бог. Цела ноќ му се молел на Јехова. Дури и тагувал за Саул. Во него видел толкав потенцијал, толку добри работи, а сега сите надежи му пропаднале. Саул повеќе не бил онаков каков што го познавал — ги изгубил своите најубави особини и му свртел грб на Јехова. До крајот на животот Самоил не сакал да го види Саул. Но, по некое време, Јехова благо го прекорил: „До кога ќе тагуваш за Саул, кога јас го отфрлив за да не царува повеќе над Израел? Наполни го со масло својот рог и тргни на пат! Те праќам кај Јесеј од Витлеем, зашто меѓу неговите синови си избрав цар“ (26 Исполнувањето на Јеховината намера не зависи од тоа дали несовршените луѓе ќе му бидат или нема да му бидат верни. Ако еден човек го изневери, Јехова ќе најде друг што ќе ја изврши неговата волја. Свесен за ова, остарениот Самоил престанал да тагува за Саул. По заповед на Јехова, отишол во домот на Јесеј во Витлеем, каде што се запознал со некои од неговите синови, кои биле убави млади момчиња. Сепак, уште во почетокот Јехова го потсетил да не гледа само на надворешниот изглед. (Прочитај 1. Самоилова 16:7.) На крајот, Самоил го запознал и најмладиот син на Јесеј, Давид, кого Јехова го избрал за иден цар на Израел.
Самоил видел дека нема разочарување кое Јехова не може да го ублажи, отстрани, па дури и да го претвори во благослов
27. а) Зошто верата на Самоил станувала сѐ поцврста? б) Зошто вреди да го следиме примерот на Самоил?
27 Во последните години од својот живот, Самоил сфатил колку било мудро тоа што Јехова одлучил наместо Саул да го постави Давид за цар. Саул му станал болно љубоморен на Давид, па дури се обидел и да го убие. Со тоа се побунил против Јехова и станал отпадник. За разлика од него, Давид покажал прекрасни особини — храброст, чесност, вера и оддаденост. Како што се ближел крајот на животот на Самоил, неговата вера станувала сѐ поцврста. Тој видел дека нема разочарување кое Јехова не може да го ублажи, отстрани, па дури и да го претвори во благослов. Откако скоро сто години верно му служел на Јехова, Самоил умрел. Затоа, не сме изненадени што целиот Израел ја оплакувал смртта на овој верен човек. Сите Јеховини слуги треба да го следат примерот на Самоил и да се угледаат на неговата вера.
^ пас. 24 Самоил лично го погубил Агаг. Ниту тој злобен цар ниту неговото семејство не заслужувале милост. По неколку векови, меѓу неговите потомци очигледно бил и „Аман од племето на Агаг“, кој се обидел да го уништи целиот Божји народ (Ест. 8:3; види ги поглавјата 15 и 16 од оваа книга).