ПЕСНА 125
„Среќни се милосрдните“
-
1. Јехова Бог е среќен Бог,
нѐ сака сите искрено.
Тој добар е, милосрден,
се грижи за нас секој ден.
А доколку погрешиме
и искрено се каеме,
тој сфаќа колку слаби сме
и милостив е, праведен.
-
2. Понекогаш нас совеста
за нешто нѐ измачува.
Но, Исус кажал молитва
што Бог ќе ни ја сослуша:
„О, прости ни, наш Боже, сѐ,
ко ние што простуваме“.
Штом во нас нема лутина,
Бог мир ни дава, простува.
-
3. За другите да даваме
од чисто срце сакаме.
И кога нешто правиме,
чест, заслуга не бараме.
Јехова Бог ни возвраќа
за сета таква добрина.
Ги сака милосрдните,
бидејќи како него се.
(Види и Мат. 6:2-4, 12-14.)