Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Божје семејство

Божје семејство

Преземи:

  1. 1. Реткост е во овој студен свет

    некој да те сака, да биде крај тебе.

    Сакав да најдам луѓе што се сакаат

    верно, искрено, ко да се семејство.

  2. 2. На моја среќа, ги пронајдов.

    За кратко сфатив дека се Божје семејство.

    Тие срца добри, чисти, искрени,

    љубов преполни — тие се мое семејство.

    (ПРЕМИН)

    И сега имам многу браќа, многу сестрички —

    помлади, повозрасни — мајки, татковци.

    Тие се отсекаде, од сите народи.

    Да, семејство сме — Божји народ единствен.

  3. 3. Од срце ние се сакаме,

    благодарни за честа и ние да сме дел —

    дел од братство што го нема никаде.

    Еден народ сме, право Божје семејство.

    (ПРЕМИН)

    Ние сме отсекаде, од сите народи.

    Да, семејство сме — Божји народ единствен.

  4. 4. Јехова сака да ни е пријател

    и сака негов народ засекогаш да сме.

    Еден ден ќе бидеме совршени,

    деца негови. Сите ќе сме семејство —

    дел од тоа Божје семејство.

    Семејство.

    Семејство.