Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Thai Liang Lim/E+ via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Социјални мрежи — дали се штетни за твоето дете? Како може Библијата да им помогне на родителите

Социјални мрежи — дали се штетни за твоето дете? Како може Библијата да им помогне на родителите

 „Кризата со менталното здравје меѓу младите е во алармантна состојба, а социјалните мрежи се една од главните причини за тоа“ (д-р Вивек Мурти, шеф на јавното здравство на САД, New York Times, 17 јуни 2024).

 Како можат родителите да ги заштитат своите деца од опасностите од социјалните мрежи? Библијата дава практични совети.

Што можат да направат родителите

 Размисли за овие библиски начела.

 „Паметниот внимава на своите чекори“ (Изреки 14:15).

 Имајќи ги предвид можните ризици, не се чувствувај под притисок да му дозволиш на твоето дете да користи социјални мрежи. Пред да му дозволиш да користи социјални мрежи, биди сигурен дека твоето дете е доволно зрело да не поминува на нив повеќе време од дозволеното, да задржи добри пријателства и да не се изложува на неприкладни содржини.

 „Добро користете го времето што го имате“ (Ефешаните 5:16, фуснота).

 Ако му дозволиш на твоето дете да користи социјални мрежи, постави правила за тоа како да ги користи и објасни му како тие правила ќе го заштитат. Забележувај дали има промени во неговото однесување што можеби покажуваат дека треба да му го ограничиш пристапот до социјалните мрежи.

Дознај повеќе

 Библијата вели дека живееме во „особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1-5). Но таа нуди практични совети кои може да ни помогнат да се справиме со нив. Во оваа статија за менталното здравје кај тинејџерите можеш да најдеш список со повеќе од 20 статии, кои се темелат на Библијата, наменети за родители и нивните деца.