Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Сѐ што ти треба се наоѓа во Библијата!

Сѐ што ти треба се наоѓа во Библијата!

Сѐ што ти треба се наоѓа во Библијата!

◼ Еден брачен пар Јеховини сведоци кои зборуваат француски влегле во една зграда во градот Ажаксјо, кој се наоѓа на средоземноморскиот остров Корзика. На подот нашле плик во кој имало 400 евра, но на него не биле наведени име и адреса. Жената објаснува што направиле: „На огласната табла во ходникот оставивме белешка дека лицето што го изгубило пликот може да се јави на нашиот број“.

Следната вечер се јавила една жена. Откако докажала дека таа е сопственикот на парите, се договориле да се сретнат. Таа била зачудена што некој бил спремен да ѝ ги врати парите, и кога дошла, со себе носела и букет цвеќе. Во пликот била нејзината плата, а наредниот ден требало да замине на одмор цел месец.

Додека била на одмор, му испратила на овој брачен пар разгледница во која повторно им се заблагодарила за љубезниот гест. А кога се вратила, брачниот пар Јеховини сведоци ја посетиле и разговарале за практичната вредност на Библијата во семејниот живот и во секојдневното однесување — теми што ја интересирале оваа жена.

Користејќи ја книгата Што навистина учи Библијата?, заедно разгледале неколку мисли од поглавјето „Како можеш да имаш среќен семеен живот?“ Жената била одушевена и рекла: „Значи, сѐ што ми треба се наоѓа во Библијата!“ Потоа прифатила бесплатно да ја проучува Библијата.

Освен за семејниот живот, книгата Што навистина учи Библијата? зборува и за тоа која е вистината за Бог и за Исус Христос, каде се мртвите, зошто Бог ги допушта страдањата и за многу други интересни теми. Можеш да ја нарачаш ако го пополниш долниот купон и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е на сликата.

□ Ве молам стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.