Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Израел

Децата „родени со хендикеп кој можел да биде откриен при редовното следење на бременоста“ повеќе не можат да ги тужат медицинските лица за „живот од небрежност“, пишува на веб-страницата Haaretz.com. Меѓутоа, родителите можат да тужат за „раѓање од небрежност“ за да добијат надомест за „дополнителните трошоци околу подигањето дете со хендикеп и за да ги задоволат неговите потреби до крајот на неговиот живот“.

Австралија

Во Австралија, 8 од 10 парови живеат заедно пред да стапат во брак.

Грција

Според статистичките податоци на грчкото Министерство за здравство, во првите пет месеци од 2011 год., во Грција беа регистрирани 40 отсто повеќе самоубиства споредено со истиот период во 2010 год. Овој пораст се совпаѓа со почетокот на последната финансиска криза.

САД

Според Советот за заштита на природните ресурси, скоро 40 отсто од храната во САД се фрла. На пример, се проценува дека 7 отсто од посевите воопшто не се собираат, 17 отсто од храната што се служи во рестораните и кафетериите се остава неизедена, а домаќинствата фрлаат околу 25 отсто од храната што ја купуваат.

Мадагаскар

Неодамна на Мадагаскар беше откриен најмалиот камелеон на светот. Овие мали кафеави влекачи можат да пораснат до 29 милиметри, а некои се ситни колку човечки нокт. Бидејќи неговото живеалиште е загрозено, ова животинче може да се најде на работ на изумирање.