Ретка средба со пустинската мачка
ВО СРЦЕТО на безводната пустина обвиена во мрак, пустинската мачка се извлекува од своето дувло и застанува. Погледнува наоколу и наслушнува. Потоа, се спушта ниско до земјата и бесшумно се движи по песокот.
Одеднаш, го напаѓа својот невнимателен плен — пустинскиот глушец. Потоа, мачката продолжува со својот лов длабоко во ноќта. Ако улови повеќе отколку што може да изеде, она што ќе ѝ остане го покрива со песок. Рано наутро се враќа во своето дувло и обично не излегува во текот на денот. Еве некои интересни факти за ова животно што ретко може да се види.