ИНТЕРВЈУ | СЕЛИН ГРАНОЛЕРАС
Нефролог зборува за својата вера
Д-р Селин Гранолерас од Франција е специјалист за бубрежни заболувања. Повеќе од 20 години откако станала лекар, дошла до заклучок дека постои Творец кој се грижи за нас. Разбудете се! разговараше со неа за нејзината вера и професија.
Кажете ни нешто за Вашето детство.
Моето семејство се пресели од Шпанија во Франција кога имав девет години. Моите родители беа католици, но јас престанав да верувам во Бог кога имав 16 години. За мене, религијата немаше никакво значење. Кога некој ќе ме прашаше како настанал животот ако не постои Бог, јас му велев: „Сега-засега научниците сѐ уште немаат објаснување, но еден ден ќе имаат“.
Што Ве поттикна да ги изучувате бубрежните заболувања?
Студирав на Медицинскиот факултет во Монпелије (Франција). Еден професор ме праша дали би сакала да се занимавам со нефрологија, гранка од медицината што ги изучува бубрезите. Работата вклучуваше истражување и грижа за пациентите. Токму тоа сакав да го работам. Во 1990 год., се вклучив во едно истражување за медицинската употреба на синтетички еритропоетин (ЕПО) за да се контролира создавањето на црвени крвни зрнца во коските. Во тоа време ова беше релативно ново научно поле.
Што Ве поттикна да почнете да размислувате за Бог?
Во 1979 год., мојот сопруг Флореал почна да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Но, јас не бев заинтересирана. Уште како мала ми беше преку глава од религија. Но, сопругот и децата станаа Сведоци и за кратко време
речиси сите наши пријатели беа Сведоци. Една од нив, Патрисија, ме поттикна да се молам. Ми рече: „И да нема никој на небото, не губиш ништо. Но, ако има, ќе ја видиш разликата“. Неколку години подоцна, почнав да размислувам за смислата на животот и се сетив на зборовите на Патрисија. Почнав да се молам за да разберам повеќе.Што Ве натера да размислувате за смислата на животот?
Терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк ме натера да се запрашам зошто има толку зло во светот. Си мислев: ‚Верскиот екстремизам претставува закана за иднината. Од друга страна, Јеховините сведоци се толку мирољубиви. Тие не се екстремисти. Се држат за Библијата. Можеби не е лошо и јас да видам што пишува во неа‘. И така, почнав да ја читам Библијата.
Како лекар, Ви беше ли тешко да поверувате во Творец?
Не. Имав длабоко ценење за сложената градба на нашето тело. На пример, ме одушевува начинот на кој бубрезите го контролираат бројот на црвени крвни зрнца во крвта.
Зошто тоа толку Ве одушевува?
Сфатив дека само Бог може да создаде толку складен систем
Како што можеби знаете, црвените крвни зрнца пренесуваат кислород. Ако изгубите многу крв или ако се искачите на поголема надморска височина, телото има недостиг на кислород. Во нашите бубрези има сензори за кислород. Кога ќе забележат недостиг на кислород во крвта, го поттикнуваат создавањето на ЕПО, така што нивото на ЕПО во крвта може да се зголеми и до илјадапати. ЕПО ја поттикнува коскената срж да создава повеќе црвени крвни зрнца, а тие, пак, пренесуваат повеќе кислород. Неверојатно, нели? Што е најчудно, цели десет години го изучував овој процес, па дури тогаш сфатив дека само Бог може да создаде толку складен систем.
Каков впечаток Ви остави Библијата?
Имав прочитано многу историски книги и познати романи, но веднаш ми беше јасно дека Библијата е поинаква. Нејзините совети се толку практични што мора да доаѓаат од некој повозвишен извор. Бев одушевена од Исус како личност. Сфатив дека бил вистинска личност. Имал чувства и имал пријатели. Бидејќи не сакав да ги читам публикациите на Јеховините сведоци, кога ќе имав некое прашање, истражував во енциклопедии и друга литература.
Што истражувавте?
Истражував низ книгите по историја... Најпосле, заклучив дека ова библиско пророштво се исполнило точно навреме
Меѓу другото, ме фасцинираше тоа што Библијата ја прорекла годината кога се крстил Исус. Во неа е кажано колку точно време ќе помине меѓу 20-тата година од владеењето на персискиот цар Артаксеркс и годината кога Исус ќе се појави како Месија. a Навикната сум да истражувам бидејќи тоа е составен дел од мојата работа. Затоа, истражував низ книгите по историја за да проверам кога владеел Артаксеркс и кога Исус ја вршел својата служба. Најпосле, заклучив дека ова библиско пророштво се исполнило точно навреме и дека мора да било од Бог.
a Прочитај на страници 197-199 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.