Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Лепилото на домашниот пајак

Лепилото на домашниот пајак

АМЕРИКАНСКИОТ домашен пајак (Parasteatoda tepidariorum) прави пајажина со лепило што може да биде доволно јако за да се залепи на ѕид или доволно слабо за да се одлепи од подот, при што дејствува како стапица која ги фаќа инсектите што лазат. Како може пајакот да прави и јаки и слаби нишки за својата пајажина користејќи едно исто лепило?

Пајакот произведува два вида лепливи нишки

Размисли: Пајакот ја прицврстува својата пајажина на ѕид, на таван или на слична површина така што плете суперлепливи нишки кои се доволно јаки да фатат инсект во лет. Од друга страна, истражувачите од Универзитетот во Акрон (Охајо, САД) открија дека пајажината што пајакот ја лепи на подот има сосема поинаква градба. Таа е прицврстена за површината со многу помалку нишки, што ѝ овозможува лесно да се одлепи и да го крене секој инсект што ќе влезе во неа.

Пајакот произведува два вида лепливи нишки

Според еден извештај за медиумите од Универзитетот во Акрон, истражувачите кои го откриле ова чудо на природата „веќе работат на тоа да направат повеќенаменско синтетичко лепило по модел на мрежата на домашниот пајак“. Научниците се надеваат дека ќе изработат лепило што ќе може да се користи и за фластери и за скршеници.

Што мислиш? Дали способноста на домашниот пајак да прави и јаки и слаби нишки за својата пајажина користејќи едно исто лепило настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?