Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Неверојатната кожа на Бодликавата агама

Неверојатната кожа на Бодликавата агама

БОДЛИКАВАТА АГАМА (Moloch horridus) е мал гуштер кој живее во Австралија. Овој гуштер има способност да ја впие влагата од маглата, воздухот и песокот, и потоа да ја донесе водата до својата уста. Како го прави тоа? Одговорот се крие во неговата неверојатна кожа.

Каналчињата на површината на кожата се поврзани со мрежа од други каналчиња под кожата за да може водата да стигне до устата на гуштерот

Размисли: Кожата на овој гуштер е прекриена со лушпи. Некои научници велат дека влагата или капките роса кои се собираат на неговите лушпи протекуваат низ површината на рапавата кожа и продираат до полуотворените каналчиња, односно бразди, кои се наоѓаат помеѓу лушпите. Овие каналчиња се заемно поврзани и водат кон двете страни од устата на гуштерот.

Но, како може овој гуштер да ја донесе водата преку своите нозе и тело до својата уста и со тоа да ѝ пркоси на гравитацијата? И, како успева да впие вода само со тоа што ќе го протрие своето стомаче на влажните површини?

Се чини дека истражувачите ја откриле тајната на Бодликавата агама. Каналчињата кои се наоѓаат на површината на кожата се поврзани со мрежа од други каналчиња кои се наоѓаат во внатрешниот слој на кожата на гуштерот. Структурата на овие каналчиња овозможува капиларност — движење на водата низ тесен простор дури и спротивно на гравитацијата. Поради ова, кожата на овој гуштер има иста способност како сунѓер.

Џенин Бенјус, која е директор на Институтот за биолошки истражувања, вели дека ова сознание може да им помогне на инженерите да направат уред кој ќе има способност да ја апсорбира влагата од воздухот. Тоа ќе овозможи поефикасно да се ладат просториите и да се добива вода за пиење.

Што мислиш? Дали неверојатната кожа на Бодликавата агама настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?