Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

РАЗБУДЕТЕ СЕ! Бр. 2, 2018 | 12 тајни за среќно семејство

12 тајни за среќно семејство

Сѐ поголем е бројот на семејствата кои се распаѓаат. Но, во што се крие тајната на успехот на среќните семејства?

  • Во периодот од 1991 до 2015 год., бројот на разводи во Македонија се зголеми за повеќе од четири пати.

  • Родителите се збунети. Некои стручњаци препорачуваат децата да се опсипуваат со пофалби, а други, пак, сметаат дека родителите ќе им помогнат на децата само доколку се строги со нив.

  • Младите влегуваат во светот на возрасните неподготвени да се соочат со предизвиците што ги носи животот.

Сепак, факт е дека...

  • Бракот може да биде траен и среќен.

  • Родителите можат да научат да ги воспитуваат своите деца на урамнотежен начин.

  • Младите можат да стекнат особини и вештини кои ќе им помогнат да станат зрели и одговорни личности.

Во овој број на Разбудете се! се зборува за 12 работи кои се потребни за едно семејство да биде среќно.

 

1. Приврзаност и верност

Три практични предлози можат да им помогнат на брачните другари да останат заедно.

2. Тимска работа

Дали на твојот сопружник гледаш повеќе како на цимер отколку на брачен другар?

3. Почит

Дознај со кои зборови и постапки можеш да придонесеш твојот сопружник да се чувствува почитуван.

4. Простување

Што може да ти помогне да не се концентрираш на мааните на твојот сопружник?

5. Комуникација

Три важни работи можат да ти помогнат да се зближиш со твоите деца.

6. Воспитување

Дали доколку некогаш го искараш детето тоа ќе му ја намали самопочитта?

7. Вредности

Кои вредности треба да им ги всадиш на твоите деца?

8. Личен пример

Ако сакаш твоите зборови да имаат влијание врз твоите деца, тогаш и самиот треба да постапуваш во склад со нив.

9. Работи на својата личност

Како можат младите да ги бранат своите верувања?

10. Биди достоен за доверба

За да станеш зрела личност, важно е да ја стекнеш довербата на родителите.

11. Трудољубивост

Ако уште како млад научиш да бидеш вреден и да работиш, тоа ќе ти помогне да бидеш успешен што и да правиш подоцна во животот.

12. Цели

Кога ќе оствариш некои цели, ќе ти се зголеми самодовербата, ќе имаш поцврсти пријателства и ќе бидеш посреќен.

Побарај повеќе совети за семејството

Советите од Библијата можат да ти помогнат да имаш среќен брак и среќен семеен живот.