Една вистинска христијанска вера — реалност
Една вистинска христијанска вера — реалност
ИСУС ХРИСТОС основал само една црква, или собрание. Тоа собрание било духовно тело, духовно семејство. Со ова сакаме да кажеме дека тоа бил еден собир на луѓе избрани од Божјиот свет дух — сите признати од Бог како негови „деца“ (Римјаните 8:16, 17; Галатите 3:26).
Исус поучувал дека Бог користел само еден начин за да го води својот народ до вистината и до животот. За да ја илустрира оваа важна вистина, Исус го споредил начинот да се дојде до вечен живот со еден пат. Тој рекол: „Влезете низ тесната порта; бидејќи широк е и простран патот што води во уништување, и мнозина се оние кои одат по него; додека тесна е портата и тесен патот што води во живот, и малцина се оние кои го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14; Јован 14:6; Дела 4:11, 12).
Обединето собрание
За собранието од првиот век не треба да мислиме како за „светско, универзално, организирано општество, на какво што помислуваме денес кога зборуваме за католичката црква“, се вели во The New Dictionary of Theology. Зошто? „Од едноставна причина“, се вели во него, „што тешко дека постоело такво организирано, универзално општество.“
Нема човек што не би се сложил со фактот дека раното христијанско собрание немало никакви сличности со институционализираните црковни системи што ги гледаме денес. Но, тоа било организирано. Поединечните собранија не дејствувале независно едно од друго. Тие сите го признавале авторитетот на едно водечко тело во Ерусалим. Тоа тело — што се состоело од апостолите и од постари мажи од собранието во Ерусалим — помогнало да се зачува единството на собранието како „едно тело“ на Христос (Ефешаните 4:4, 11—16; Дела 15:22—31; 16:4, 5).
Што се случило со тоа едно вистинско собрание? Дали тоа станало моќната католичка црква? Дали се развило во расцепканиот, поделен протестантски црковен систем што го гледаме денес? Или се случило нешто друго?
„Пченица“ и „плевел“
За да ги добиеме одговорите, да разгледаме внимателно што рекол самиот Исус Христос дека ќе се случи. Можеби ќе бидеш изненаден кога ќе дознаеш дека Исус очекувал неговото собрание да исчезне од видикот и дека тој ќе дозволи ваквата жалосна ситуација да трае со векови.
Поврзувајќи го своето собрание со „небесното царство“, тој рекол: „Небесното царство е како човек кој посеал добро семе на својата нива. Додека луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа плевел меѓу пченицата и си отиде. Кога стебленцето изникна и даде плод, тогаш се појави и плевелот. Тогаш дојдоа робовите на домаќинот и му рекоа: ‚Господару, зарем не посеа добро семе на твојата нива? Тогаш, како тоа да има плевел?‘ Тој им рече: ‚Човек непријател го направи тоа‘. Тие му рекоа: ‚Тогаш ќе сакаш ли да одиме и да го собереме?‘ Тој рече: ‚Не; собирајќи го плевелот да не ја откорнете случајно со него и пченицата. Нека растат обете заедно до жетвата; а во времето на жетвата ќе им кажам на жетварите: Соберете го прво плевелот и врзете го во снопови за да се изгори, потоа појдете и соберете ја пченицата во мојот амбар‘“ (Матеј 13:24—30).
Исус објаснил дека тој е „сејачот“. ‚Доброто семе‘ ги претставувало неговите вистински ученици. Неговиот „непријател“ бил Сатана Ѓаволот. „Плевелот“ биле лажните христијани кои се вовлекле во раното христијанско собрание. Тој рекол дека ќе остави „пченицата“ и „плевелот“ да растат заедно до „жетвата“ која ќе дојде при „завршетокот на системот на работи“ (Матеј 13:37—43). Што значело сево ова?
Христијанското собрание загадено
Набрзо по смртта на апостолите, отпадничките учители од самото собрание почнале да ја преземаат контролата. Тие зборувале „искривени работи за да ги одвлечат учениците по себе“ (Дела 20:29, 30). Како резултат на тоа, многу христијани ‚отпаднале од верата‘. Тие ‚се свртеле кон лажни прикаски‘ (1. Тимотеј 4:1—3; 2. Тимотеј 4:3, 4).
The New Dictionary of Theology вели дека до четвртиот век н.е. „католичкото Јован 17:16; Јаков 4:4). Истиот извор наведува дека со текот на времето целата структура и природа на црквата, како и многу од нејзините основни верувања, биле драстично променети „под влијание на чудна и сосем нездрава комбинација на С[тариот] з[авет] и неоплатонските модели“. Како што Исус Христос прорекол, бидејќи лажните христијани напредувале неговите вистински ученици биле истиснати.
христијанство станало официјална . . . религија во Римската империја“. Дошло до „претопување на црковното и граѓанското општество“ — соединување на црквата и државата што било сосем спротивно на верувањата на раните христијани (Слушателите на Исус знаеле колку е тешко да се распознае вистинската пченица од плевелот, како што е отровниот влакнест бурјан, кој додека расте многу е сличен на пченицата. Така, Исус илустрирал дека некое време ќе биде тешко да се распознаат вистинските христијани од големата разноликост лажни христијани. Ова не значи дека христијанското собрание престанало да постои, зашто Исус ветил дека ќе продолжи да ги води своите духовни браќа „во сите денови сѐ до завршетокот на системот на работи“ (Матеј 28:20). Исус рекол дека пченицата ќе продолжи да расте. Сепак, низ годините, вистинските христијани — поединечно или во групи — без сомнение давале сѐ од себе за да се придржуваат на учењата на Исус. Но, повеќе не сочинувале јасно препознатливо, видливо тело или организација. Тие во никој случај не биле како видливиот отпаднички религиозен систем што низ историјата му донел само срам и го обесчестил името на Исус Христос (2. Петрово 2:1, 2).
‚Да се открие човекот на беззаконието‘
Апостол Павле прорекол нешто друго што ќе го означи овој лажен религиозен систем. Тој напишал: „Нека не ве заведе никој на каков и да е начин, зашто [Јеховиниот ден] нема да дојде сѐ додека најнапред не дојде отпадот и не се открие човекот на беззаконието“ (2. Солуњаните 2:2—4). Овој ‚човек на беззаконието‘ не е никој друг освен свештеничката класа која се издигнала на владејачка положба над „христијанското“ собрание. a
Отпадот започнал во времето на апостол Павле. Уште повеќе се забрзал откако умреле апостолите и престанало нивното заштитничко влијание. Отпадот ќе биде обележан, рекол Павле, со „дејствувањето на Сатана со секое моќно дело, и со лажни знаци и предзнаци, и со секаква неправедна измама“ (2. Солуњаните 2:6—12). Колку точно ова ги опишува активностите на толку многу религиозни водачи низ историјата!
Како поткрепа на своето тврдење дека римокатолицизмот е единствената вистинска религија, католичките водачи велат дека нивните бискупи имаат „директна врска со првите апостоли преку линија на наследство што се протега сѐ до почетокот“. Всушност, ова тврдење за апостолско наследство нема никаков историски или библиски темел. Нема веродостоен доказ дека црковниот систем што се појавил по смртта на апостолите на Исус некогаш бил воден од Божјиот свет дух (Римјаните 8:9; Галатите 5:19—21).
А што е со другите цркви што се појавиле по таканаречената реформација? Дали тие се вратиле на образецот на раното христијанско собрание? Дали ја обновиле чистотата на првобитното христијанско собрание? Точно е дека по реформацијата Библијата станала достапна за многу од обичните луѓе и тоа на нивни јазик. Сепак, историјата покажува дека овие цркви продолжиле да поучуваат лажни доктрини b (Матеј 15:7—9).
Матеј 13:30, 39). Исполнувањето на библиските пророштва покажува дека сега живееме во тоа време (Матеј 24:3—35). Штом е така, тогаш секој од нас треба да се запраша: ‚Каде е таа една вистинска црква?‘ Таа треба да станува сѐ појасно препознатлива.
Меѓутоа, обрни внимание на ова. Исус Христос сосем сигурно прорекол дека неговото едно вистинско собрание ќе биде обновено за време на она што го нарекол завршеток на системот на работи (Можеби сметаш дека ти веќе си ја нашол таа црква, или собрание. Важно е да бидеш сигурен. Зошто? Зашто, како и во првиот век, може да има само една вистинска црква. Си одвоил ли време да се осигураш дали твојата црква тесно го следи образецот поставен од христијанското собрание од првиот век и дали лојално се придржува за учењата на Исус Христос? Зошто не го испиташ тоа сега? На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ти помогнат да го сториш тоа (Дела 17:11).
[Фусноти]
a Понатамошни информации во врска со идентитетот на „човекот на беззаконието“ може да се најдат во Стражарска кула од 1 јули 1990, страници 21—25.
b Види го поглавјето „Реформација — потрагата тргнува во нов правец“ во книгата Потрагата на човештвото по Бог, страница 306—328, издадена од Јеховините сведоци.
[Слики на страница 5]
Што нѐ учи илустрацијата на Исус за пченицата и плевелот во врска со вистинското собрание?
[Слики на страница 7]
Дали твојата црква го одразува образецот за проповедање и проучување поставен од христијанското собрание од првиот век?