Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Што треба да правам ако имам прашање за нешто што сум го прочитал во Библијата или кога ми треба совет за некој личен проблем?

Во Изреки 2:1-5 сме поттикнати ‚да ја бараме‘ мудроста и проникливоста како што би барале „скриено богатство“. Ова значи дека треба марливо да истражуваме за да ни се разјасни нешто што сме го прочитале во Библијата или за да најдеме решение за нашите лични проблеми. Како може да го правиме тоа?

Во поглавјето „Како се истражува“, кое се наоѓа на страници 33-38 во учебникот Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба, е објаснето како да бараме информации користејќи ги публикациите од „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45). На 36. страница пишува како да го користиме Индексот на публикации на Јеховините сведоци, кој е достапен на повеќе јазици. Тој содржи список на теми и список на стихови. Ако сакаш да најдеш одговор на некое библиско прашање, можеш да бараш под одреден збор или библиски стих кој ќе те упати на одредени публикации и статии. Биди стрплив додека го бараш конкретниот одговор или совет што ти е потребен. Не заборавај, ти трагаш по „скриено богатство“, а за тоа треба да вложиш труд и време.

Се разбира, во нашите публикации не се обработени сите можни теми и библиски стихови. Дури и да е објаснет некој стих што тебе те интересира, можеби сѐ уште немаш задоволувачки одговор на твоето прашање. Исто така, во некои библиски извештаи не се наведени сите детали. Поради тоа, не можеме секогаш да најдеме одговор на секое прашање. Ако нема одговор во нашите публикации, не треба да нагаѓаме. Во спротивно, би можеле да почнеме да се расправаме околу „непотребни прашања“, наместо да го споделуваме со другите „она што Бог го дава за изградување на нашата вера“ (1. Тим. 1:4; 2. Тим. 2:23; Тит 3:9). Ниту браќата во подружницата ниту браќата во светското седиште не можат да одговорат на секое прашање кое не е објаснето во нашите публикации. Сепак, можеме да бидеме уверени дека Библијата ни дава доволно информации за да имаме среќен живот. А она што сѐ уште не го разбираме ни дава можност да покажеме дека имаме цврста вера во Бог и во неговата Реч. (Види во книгата Приближи му се на Јехова, страници 185-186.)

Што ако си направил сѐ за да најдеш совет или решение за некоја работа што ти е важна, но не си успеал во тоа? Тогаш би можел да му се обратиш на некој зрел христијанин, на пример, на некој од старешините во твоето собрание. Тие добро ја познаваат Библијата и со години му служат на Јехова. Ако ти треба совет за некој личен проблем или одлука, ќе можат да ти помогнат бидејќи те познаваат и ги знаат твоите околности. И имај на ум дека секогаш можеш да му се молиш на Јехова за она што те мачи и да бараш од него да ти помогне со својот свет дух исправно да размислуваш. Тој сигурно ‚ќе ти даде мудрост и проникливост‘ (Изр. 2:6; Лука 11:13).