Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

‚Јас, Јехова, вашиот Бог, сум свет‘

‚Јас, Јехова, вашиот Бог, сум свет‘

Приближи му се на Бог

‚Јас, Јехова, вашиот Бог, сум свет‘

3. Мојсеева, 19. поглавје

„СВЕТ, свет, свет е Јехова Бог“ (Откровение 4:8). Со овие зборови Библијата објаснува дека Јехова е свет, што значи чист и беспрекорен до највисок можен степен. Кај Бог никогаш не може да има ни најмала трага од грев. Тој не може да биде извалкан од грев во никој поглед. Дали тоа значи дека несовршените луѓе се безнадежно отуѓени од Бог, кој е апсолутно свет? Воопшто не! Да ги разгледаме зборовите од 3. Мојсеева, 19. поглавје, кои можат да ни влеат надеж.

Јехова му рекол на Мојсеј: „Кажи ѝ на целата заедница од синови на Израел“. Значи, она што го рекол важело за целиот народ. Што требало да им каже Мојсеј? Бог продолжил: „Речи им: ‚Бидете свети, зашто сум свет јас, Јехова, вашиот Бог!‘“ (стих 2). Секој Израелец требало да покаже светост. Зборот „бидете“ покажува дека ова не било предлог туку заповед. Дали Бог очекувал нешто невозможно?

Забележи дека Јехова не ја посочил својата светост како мерило што луѓето треба да го достигнат, туку како причина за таа заповед. Со други зборови, Јехова не им рекол на своите несовршени слуги во Израел да бидат свети како него. Тоа би било невозможно. На Јехова, „Најсветиот“, му нема рамен во поглед на светоста (Изреки 30:3). Меѓутоа, бидејќи Јехова е свет, тој очекува и оние што му служат да бидат свети — односно, онолку колку што е можно за несовршени луѓе. Како можеле да покажат дека се свети?

Откако заповедал Израелците да бидат свети, преку Мојсеј Јехова изнел барања што го опфаќале секој аспект од животот. Од секој Израелец се очекувало да се подложи на мерилата за однесување како што се: да покажува исправна почит кон родителите и кон постарите (стихови 3, 32), да покажува обѕир кон глувите, слепите и другите болни (стихови 9, 10, 14), да биде чесен и непристрасен (стихови 11-13, 15, 35, 36) и да ги сака своите ближни како самиот себеси (стих 18). Ако се држеле за овие и за други мерила што им биле поставени, Израелците ‚ќе му биле свети на својот Бог‘ (4. Мојсеева 15:40).

Заповедта да бидеме свети ни дава скапоцен увид во размислувањето и мерилата на Јехова Бог. Како прво, учиме дека, за да бидеме блиски со него, треба да даваме сѐ од себе за да живееме во склад со неговите мерила за свето однесување (1. Петрово 1:15, 16). Ако се држиме за овие мерила, животот ќе ни биде многу убав (Исаија 48:17).

Освен тоа, заповедта да бидеме свети покажува дека Јехова има доверба во оние што му служат. Тој никогаш не очекува од нас повеќе од она што можеме да го направиме (Псалм 103:13, 14). Знае дека ние, како луѓе што се создадени по негов лик, имаме потенцијал да бидеме свети — барем во релативна смисла на зборот (1. Мојсеева 1:26). Би сакал ли да научиш нешто повеќе за тоа како да се зближиш со светиот Бог, Јехова?

[Слика на страница 9]

Ние имаме потенцијал да бидеме свети