Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали парите носат вистинска среќа?

Дали парите носат вистинска среќа?

Дали парите носат вистинска среќа?

СОЊА е родена во Шпанија. Како дете одела на состаноците на Јеховините сведоци заедно со мајка ѝ. Но, кога пораснала, се преселила во Лондон (Англија), и по некое време почнала да работи во финансиската индустрија како брокер.

Соња многу си ја сакала работата. Заработувала големи пари и вложувала огромни суми во име на своите клиенти. Било возбудливо и таа била успешна во својата работа. Често работела по 18 часа на ден, а понекогаш спиела само по два-три часа. Работата ѝ била живот. Одеднаш, сѐ почнало да се руши. Соња добила тежок мозочен удар — веројатно како последица од стресниот живот. Имала само 30 години.

Се парализирала на едната страна, а лекарите ѝ рекле дека е можно никогаш повторно да не ѝ се врати говорот. Мајка ѝ веднаш отишла во Англија за да ја негува. Кога Соња почнала повторно да оди, мајка ѝ ѝ рекла: „Јас ќе одам на собраниските состаноци, но мора да доаѓаш со мене затоа што не можам да те оставам сама“. Соња се согласила. Како завршило сето тоа?

„Сѐ што чув беше вистина. Многу ми се допадна“, се сеќава Соња. „Со задоволство се согласив да ја проучувам Библијата со некој од многуте што ме поздравија кога првпат влегов во Салата на Царството. Моите поранешни познајници престанаа да ме посетуваат, но моите нови пријатели беа срдечни и грижливи.“

Малку по малку, на Соња ѝ се вратил говорот, а брзо напредувала и во проучувањето на Библијата. За помалку од една година се крстила. Многу од нејзините нови пријатели биле во полновремена христијанска служба, па можела да види колку се среќни. ‚И јас сакам да бидам како нив‘, си помислила Соња. ‚Сакам да му го дадам на Јехова Бог најдоброто!‘ Сега и Соња е во полновремена служба.

Што научила Соња од она што ѝ се случило? „Иако заработував многу пари, стресот и несигурноста на работното место ми создадоа грижи и не бев среќна. Сфатив дека најважно во животот е да имам добар однос со мојот небесен Татко, Јехова. Сега сум вистински среќна.“

„Љубовта кон парите е корен на секакви зла“, напишал апостол Павле. „Поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:10). Соња може од лично искуство да потврди дека тие зборови се вистинити.