Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали некогаш си се чувствувал отфрлен?

Дали некогаш си се чувствувал отфрлен?

Поучете ги своите деца

Дали некогаш си се чувствувал отфрлен?

ДА БИДЕШ отфрлен значи другите да не те прифаќаат во своето друштво. Тоа може да се случи ако имаш поинаква боја на кожата или си од друга националност, ако зборуваш друг јазик или ако имаш поинакви навики. Дали некогаш се чувствуваш отфрлен? *

Да кажеме нешто за еден човек кој се чувствувал отфрлен. Се викал Мефивостеј. Да видиме кој бил тој и што му се случило. Ако и ти некогаш се чувствуваш отфрлен, можеш многу да научиш од Мефивостеј.

Мефивостеј му бил син на Јонатан, најдобриот пријател на Давид. Пред да загине во војна, Јонатан му рекол на Давид: ‚Биди добар со моите деца‘. Давид станал цар, но и по многу години не ја заборавил молбата на Јонатан. Неговиот син Мефивостеј сѐ уште бил жив. Како мал, доживеал несреќа по која останал сакат за цел живот. Дали сега ти е јасно зошто се чувствувал отфрлен?

Давид сакал да биде добар кон синот на Јонатан. Затоа, се погрижил Мефивостеј да живее близу до него во Ерусалим, и му направил место на царската трпеза. Сива, заедно со неговите синови и слуги, бил назначен да му служи на Мефивостеј. Давид покажал вистинска почит кон синот на Јонатан. Знаеш ли што се случило подоцна?

Давид имал семејни проблеми. Авесалом, еден од неговите синови, се побунил и се обидел да му го одземе престолот. За да си го спаси животот, Давид морал да бега. Мефивостеј сакал да му се придружи на Давид, како што тоа го сториле и многу други луѓе. Овие пријатели на Давид знаеле дека тој е вистинскиот цар. Но, Мефивостеј не можел да појде со нив затоа што бил сакат.

Тогаш Сива му кажал на Давид дека Мефивостеј останал во Ерусалим затоа што сакал да стане цар. Давид му поверувал. Затоа, целиот имот што му припаѓал на Мефивостеј му го дал на Сива. По некое време, Давид ја задушил побуната на Авесалом и се вратил во Ерусалим. Тогаш од Мефивостеј ја слушнал и другата страна на приказната. Давид решил имотот да биде поделен меѓу Мефивостеј и Сива. Што направил Мефивостеј?

Не се жалел поради неправедната одлука на Давид. Тој знаел дека на царот му треба мир за да ги извршува своите должности. Затоа рекол дека Сива може да го задржи целиот имот. На Мефивостеј му било најважно тоа што Јеховиниот слуга Давид се вратил повторно во Ерусалим како цар.

Мефивостеј многу страдал. Честопати се чувствувал отфрлен. Но, Јехова го сакал и се грижел за него. Што можеме да научиме од ова?— Дури и кога постапуваме исправно, некој може да кажува лаги за нас. Исус рекол: „Ако светот ве мрази, знајте дека мене ме мразеше пред вас“. Луѓето дури и го убиле Исус! Можеме да бидеме сигурни дека, ако го правиме она што е исправно, вистинскиот Бог, Јехова, ќе нѐ сака, а ќе нѐ сака и неговиот Син Исус.

Прочитај во Библијата:

1. Самоилова 20:15-17, 41, 42

2. Самоилова 4:4; 9:1-10; 19:24-30

Јован 15:18

[Фуснота]

^ пас. 3 Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.