Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Утеха за оние што се скршени во срцето

Утеха за оние што се скршени во срцето

Приближи му се на Бог

Утеха за оние што се скршени во срцето

‚ЈЕХОВА никогаш нема да ме сака.‘ Ова го рекла една христијанка која во животот често се борела со депресија. Таа била убедена дека Јехова се оддалечил од неа. Дали Бог навистина е далеку од своите слуги кои се во депресија? Утешен одговор можеме да најдеме во зборовите што под водство на светиот дух ги запишал Давид во Псалм 34:18.

Давид знаел колку силно може да се одразат негативните чувства врз верните слуги на Јехова. Додека бил млад, тој живеел како бегалец безмилосно прогонуван од Саул, љубоморен цар кој сакал да го убие. Давид се засолнил во место на кое Саул воопшто не би помислил — непријателскиот град Гад, кој се наоѓал на филистејска територија. Но, откако го препознале, Давид за влакно се спасил преправајќи се дека е луд. Тој му бил благодарен на Бог што останал жив. По оваа случка го напишал 34. Псалм.

Дали Давид мислел дека Бог е далеку од луѓето кои, кога се на мака, стануваат потиштени или се чувствуваат безвредни? Давид напишал: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (стих 18). Да видиме на кој начин овие зборови можат да ни дадат надеж и утеха.

„Јехова е близу.“ Како што пишува во еден речник, овој израз „јасно покажува дека Бог внимателно набљудува, секогаш спремен да им помогне и да ги спаси своите слуги“. Многу нѐ охрабрува тоа што Јехова бдее над својот народ. Тој знае низ што минуваат неговите слуги во овие „тешки времиња“ и ги познава нивните најдлабоки чувства (2. Тимотеј 3:1; Дела 17:27).

„Оние што се скршени во срцето.“ Во некои култури, изразот „скршено срце“ значи болка поради невозвратена љубов. Но, зборовите од овој стих се однесуваат на „тага и жал од било која причина“, вели еден професор. Да, дури и верните слуги на Бог понекогаш може да доживеат големи тешкотии кои ќе им го скршат срцето.

„Оние со скршен дух.“ Луѓето што се обесхрабрени може да се чувствуваат толку безвредно што понекогаш паѓаат во очај. Во еден прирачник за преведување на Библијата стои дека овој израз може да се преведе со зборовите „оние кои немаат на што да се надеваат“.

Што прави Јехова за оние кои се „скршени во срцето“ и „со скршен дух“? Дали е далеку од нив бидејќи смета дека не заслужуваат да ги сака и да им обрне внимание? Не. Всушност, како еден родител кој го држи во прегратка и го теши своето дете, Јехова е близу до своите слуги кои го молат за помош. Тој сака да ги утеши и да им ја ублажи болката од тоа што се скршени во срцето и во духот. Може да им даде мудрост и сила да излезат на крај со сите неволји што ќе ги снајдат (2. Коринќаните 4:7; Јаков 1:5).

Дознај како можеш да му се приближиш на Јехова. Бидејќи е сочувствителен Бог, тој ни ветува: „Јас сум... со оние што имаат скршен и понизен дух, за да го оживеам духот на понизните, да го оживеам срцето на скршените“ (Исаија 57:15).

Читање на Библијата во јуни:

Псалми 26-59