Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да бидеме со семејството

Да бидеме со семејството

„Гледај, колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно во единство!“ (ПСАЛМ 133:1)

Зошто некои го слават Божиќ?

Бидејќи Израелците биле потомци на еден човек, Јаков, наречен Израел, тие биле ‚браќа‘, односно членови на едно семејство. Кога се собирале за празниците во Ерусалим, им било „добро“ и „мило“. Исто како нив, и многу семејства денес со радост ги чекаат убавите мигови што ќе ги минат заедно за Божиќ.

Каде лежи проблемот?

Во една енциклопедија пишува: „Семејните тензии што се таложеле во текот на годината, честопати испливуваат на површина кога семејствата ќе се соберат заедно за празниците“ (Encyclopedia of Christmas and New Year’s Celebrations).

Кои библиски начела можат да ни помогнат?

‚Да им возвраќаме на своите родители, како и на дедовците и бабите‘ (1. Тимотеј 5:4). Посетувај ги своите роднини колку што можеш почесто. Дури и да живеат далеку, можеш редовно да бидеш во контакт со нив. Би можел да им пишеш писмо, да им се јавиш по телефон, да им пратиш имејл или да им се јавиш преку скајп. Редовната комуникација ги намалува недоразбирањата.

‚Тесно ви е во вашите срца... широко отворете ги‘ (2. Коринќаните 6:12, 13). Ако се гледаш со роднините само еднаш годишно, лесно може да ја изгубите блискоста — а тоа особено важи за децата. Некои деца воопшто не се чувствуваат блиски со своите баба и дедо или со подалечните роднини. Затоа, поттикни ги своите деца ‚широко да ги отворат срцата‘ така што ќе покажуваат грижа и кон постарите роднини. * Децата кои редовно поминуваат време со постари луѓе најчесто успеваат да стекнат поголемо разбирање и ценење за оние што се постари од нив.

„Збор кажан во право време — колку е добар!“ (Изреки 15:23). Како може да спречиш недоразбирањата или проблемите да ги затегнат односите во семејството? Една работа е да избереш „право време“ за да разговараш за она што те загрижува. Ако редовно комуницирате, ќе ти биде многу полесно да им пристапиш на членовите на семејството за да ги решите проблемите насамо, а да уживате во миговите кога сте заедно како семејство.

^ пас. 9 Види ги статиите „Зошто да ги запознаам баба ми и дедо ми?“ и „Како да се зближам со баба ми и дедо ми?“ во изданијата на Разбудете се! од 8 август и 8 септември 2001, издадени од Јеховините сведоци.