Одговор на библиски прашања
Кој оди на небото и зошто?
Милиони луѓе се надеваат дека по смртта ќе одат на небото. Исус рекол дека таму ќе живеат неговите верни апостоли. Пред да умре, тој им ветил дека ќе им подготви место за да бидат со неговиот небесен Татко. (Прочитај Јован 14:2.)
Зошто некои луѓе од Земјата ќе воскреснат за да живеат на небото? Што ќе прават таму? На своите апостоли Исус им рекол дека ќе бидат цареви и дека ќе владеат над Земјата. (Прочитај Лука 22:28-30; Откровение 5:10.)
Дали сите добри луѓе одат на небото?
Во повеќето земји, мал е бројот на оние што се на власт. Со оглед на тоа што Исус воскреснува некои луѓе на небото за да владеат над Земјата, логично е дека и нивниот број не е голем (Лука 12:32). Библијата кажува колкав ќе биде бројот на оние што ќе владеат со Исус. (Прочитај Откровение 14:1.)
На небото Исус подготвил место за некои од своите ученици. Знаеш ли што ќе прават таму?
Но, не се наградени само оние што одат на небото. Исус ќе има верни поданици што ќе живеат вечно во рај на Земјата (Јован 3:16). Некои ќе влезат во рајот на тој начин што ќе го преживеат уништувањето на овој злобен свет. Други, пак, ќе бидат во рајот така што ќе воскреснат во него. (Прочитај Псалм 37:29; Јован 5:28, 29.)