Дали некој може да се откаже од тоа да биде Јеховин сведок?
Да. Некој може да престане да биде дел од нашата организација на два начина:
На лично барање. Било усно било писмено, некој може да ја изнесе својата одлука повеќе да не биде Јеховин сведок.
Со своето однесување. Некој може да направи нешто поради кое повеќе нема да може да биде дел од нашето меѓународно братство (1. Петрово 5:9). На пример, може да одлучи да се придружи на друга религија (1. Јованово 2:19).
Што ако некој престане да проповеда или да доаѓа на вашите состаноци? Дали за таквото лице сметате дека ја напуштило вашата религија?
Не. Постои разлика меѓу тоа некој да се откаже од нашата религија и да му ослабне верата. Во многу случаи, оние што престанале да проповедаат и да доаѓаат на нашите состаноци или, пак, го прават тоа нередовно, не се откажале од својата религија, туку само се обесхрабрени. Ние не ги одбегнуваме таквите поединци, туку се трудиме да им пружиме утеха и помош (1. Солуњаните 5:14; Јуда 22). Ако лицето сака да добие духовна помош, собраниските старешини ќе се погрижат за тоа (Галатите 6:1; 1. Петрово 5:1-3).
Меѓутоа, старешините немаат право да убедуваат или да присилуваат некого да остане Јеховин сведок. Секој сам си одлучува на која религија ќе припаѓа (Исус Навин 24:15). Сметаме дека секој што сака да му служи на Бог, треба да го прави тоа доброволно и од срце (Псалм 110:3; Матеј 22:37).